Шоа (филм)
„Шоа“ — француски документарен филм од 1985 година во режија на Клод Ланзман (Claude Lanzmann). Тој го снимал филмот во текот на 11 години (од 1973 година) при што создал дури 300 часови снимен филмски материјал поради што филмот трае дури 9 часа и 15 минути. Во филмот се прикажани сведоштвата на преживеаните од холокаустот (Варшавското гето и логорите Треблинка, Аушвиц-Биркенау и Хелмно) или, според зборовите на Ланцман, „хор од гласовите и лицата на убијците, жртвите и набљудувачите“. Премиерата на филмот се случила во Париз, во 1985 година, а потоа освоил низа награди: две награди БАФТА (1987), три награди на Берлинскиот филмски фестивал (1986), француската награда „Цезар“ (1986), специјалната награда на Здружението на филмските критичари од Лос Анџелес (1985), наградата на Здружението на филмските критичари од Бостон (1986) итн.[1]