Шмуел Ергас (Скопје, 16 век) бил еден од водачите на скопската еврејска заедница[1]. Се преселил во Дубровник во 1560 година, каде што, заради високиот углед што го имало семејството, Шмуел и неговиот брат Јицхак се стекнале со правото да бидат левантски конзули во Дубровник. Ним им се приклучил и скопскиот Евреин Хаим Линдо, кој претходно бил конзул во Херцег Нови[2].

Наводи

уреди
  1. Zeni Lebl, Plima i slom iz istorije Jevreja Vardarske Makedonije, 1990
  2. Еврейски извори за обцествено–икономическото развитие на Балканските земи през XVI век, I, София, 1958