Шмале Хајде
Шмале Хајде (германски: Schmale Heide) — теснец долг 9,5 километри и отприлика 2 километри широк помеѓу балтичкото приморско одморалиште Бинц и селото Ној Мукран близу Засниц на германскиот остров Риген. Се наоѓа во општината Бинц и се граничи на северозапад со Малиот Јазмундски Залив, а на исток со заливот Прорер Вик.
Создавање
уредиОбликот на различниот крајбрежен појас на Риген бил последица на разликите во движењето на морето и тектонските поместување во последното ледено доба.
Се верува дека областа на денешниот балтички брег во Западна Померанија по последното ледено доба останала без мраз и постепено дел од копното. Нивото на светските океани некогаш било пониско отколку денес поради леденото доба. Околу 9000 години претходно било создадено Анциловото Езеро, чија површина не била повисока од 8 метри над денешното ниво, но по период од околу 1000 години истекло во светскиот океан, што довело до ново копно. До пред 8000 години, по големото подигање на водата во светот, нивото на водата во балтичкиот слив повторно се зголемило за околу 15 метри, откако го поплавило малото парче земја помеѓу Данска и Скандинавија, создавајќи го Литориското Море, достигнувајќи го своето денешно ниво околу 5500 години пред денес.
Оттогаш нивото на морето се изменило само за околу 1-2 метри и процесот на израмнување на брегот започнал и продолжува до ден денешен.
Шмале Хајде се наоѓа на старот ледничко езеро (Gletscherzungenbecken) помеѓу островите Јазмунд и Границ. Геолошките дупчења близу Прора покажале дека брановите на Анцилоското донеле 11 метри дебел слој седимент, кој подоцна бил повторно зголемен за дополнителни 10 метри од Литориското Море. Во текот на овој процес, една плажа била полнета по друга, поради што Шмале Хајде ја достигнала денешната широчина од околу два километри. Во меѓувреме во подебелите слоеви отколку денешните, кремен кој бил измиен од карпите од креда на полуостровот Јазмунд. Ова довело до создавање на уникатните полиња на кремен близу Ној Мукран на север од Шмале Хајде, кои се ставени под заштита од 1935.
Природни резервати
уредиЦелта за заштита на Шмале Хајде и полињата со кремен главно е насочена кон заштита на околу 14 отворени полиња од кремен со површина од 2000 на 200 метри. За да се потисне ширењето на растителноста овде, делови на полињата биле оградени во средината на XIX век и населени со дивеч со цел чување од растителност откако Шмале Хајде бил пошумен со бор во 1840. Од средината на 1970-тите до раните 1990-тите, овој метод бил повторно користен користејќи муфлон. Моментално, полињата со кремен се достапни.
Источно од полињата во 1994 бил создаден, нов природен резерват, Шмале Хајде и полиња со кремен, кој ја заштитува песочната област близу плажата каде постојат ретки растенија. Во рамките на оваа област, посетителите мораат да се придржуваат со означената патека за да ја заштитат чувствителната песочна растителност.
Влијанија на пејзажот
уредиПејзажот на Шмале Хајде, во спротивност на Шабе, бил под силно влијание од 1930-тите од изградбата на нацистичкото одморалиште Прора и подоцнежното користење за воена цел со неговата придружна инфраструктура. Покрај 5-километри долгиот комплекс на згради долж Прорер Вик, кој служел како касарни, големи области од појасот земја и Прора, пошумена област во јужниот дел на Шмале Хајде, биле користени за воени цели и за депоа за муниција, хангари и работилници.
Плажата на Прорер Вик која станала достапна повторно од раните 1990-тите ја повратила својата популарност како плажа за капење.
Литература
уреди- Ralf-Otto Niedermeyer, Heinz Kliewe, Wolfgang Jahnke: Die Ostseeküste zwischen Boltenhagen und Ahlbeck – Ein geologischer und geomorphologischer Überblick mit Exkursionshinweisen. 1. Auflage. Hermann Haack/Goegraphisch-Kartographische Anstalt, Gotha 1987 (Geographische Bausteine, Heft 30), ISBN 3-7301-0633-3
54°26.190325′N 13°34.128113′E / 54.436505417° СГШ; 13.568801883° ИГД