Прора
Прора (германски: Prora) — одморалиште на островот Риген, во Германија, особено познат по неговиот колосална градба изградена од нацистите за туристички цели. Масивниот комплекс е изграден помеѓу 1936 и 1939 г. како проект на организацијата „Сила преку радост“ (Kraft durch Freude). Осум згради се идентични и иако требало да биде најголемиот угостителски објект изграден некогаш, сепак никогаш не е користен за таа цел. Објектот се смета за особено добар пример за архитектурата на Третиот Рајх.
Месните жители го нарекуваат „Колосот“ поради неговата монументална структура.[1]
Местоположба
уредиПрора се наоѓа во залив помеѓу Засниц и Бинц, познат како Прорер Вик, на тесниот теснец, кој го раздвојува Малиот Јазмундски Залив од Балтичкото Море. Зградите се простира на 4,5 километри должина и се наоѓа на 150 метри од плажата. Брегот нуди долги рамни песочни плажи, кои се протегаат од Бинц до фериботското пристаниште. Така, оваа плажа била идеална локација за основање на приморско одморалиште.
Планови
уредиРоберт Лај го замислувал Прора како паралела на Butlins — британски кампови за одмор кои пружале пристапен одмор за просечниот работник. Прора требало да има 20.000 кревети, со замисла дека секој работник заслужувал одмор на плажа. Проектиран од Клеменс Клоц (1886–1969), сите соби биле планирани да бидат со поглед на море, додека ходниците и санитарните јазли се наоѓаат на другата страна. Секоја соба била 5 на 2,5 метри, имала два кревети, шкаф и мијалник. Имало заеднички тоалети и тушеви на секој кат.
Плановите на Хитлер за Прора биле поамбициозни. Сакал огромно приморско одморалиште, „најмоќно и најголемо што некогаш постоело“, со капацитет од 20.000 кревети. Масивните градби биле изградени. Во исто време, Хитлер сакал да може да бидат пренаменети во воена болница во случај на војна. Хитлер настојувал да бидат вклучени плановите за масовна внатрешна сала на архитектот Ерих Путлиц. Салата на Путлиц требало да ги смести сите 20.000 гости во исто време. Неговите плановите вклучувале два пливачки базени и театар. Била планирана и марина за патничките бродови.
Кон крајот на 2008 биле одобрени плановите на Прора да му се врати првичната цел и да се преобрази во современо туристичко одморалиште. Советот ги изгласал плановите за изградба на станбен простор за 3.000 лица, како и младински хотел, кафетерии, диско, спортски сали, базени, тениски терени и мал трговски центар за да привлечат илјадници посетители. Керстин Каснер, локална советничка, го споредила брегот на Прора со „карипска плажа“. Меѓутоа, одлуката се соочила со скептицизам од месното население, кои веруваат дека веќе има премногу туристи во областа, а Хајке Тагсолд, историчар на Прора, изјавила дека историјата на градот е несоодветно место за туристите. Сепак, во 2011 бил отворен најголемиот младински хостел во Германија во еден од блоковите и станал омилен. Било предложено и можно проширување на објектот.[2]
Изградба
уредиВо текот на неколкуте години во изградба на Прора биле вклучени сите големи градежни претпријатија на Рајхот и скоро 9.000 работници. Со почетокот на Втората светска војна во 1939, изградбата на Прора запрела и градежните работници биле префрлени во фабриките за оружје во Пенеминде. Осум станбени блокови, театарот и киното останале празни, а пливачките базени и салата никогаш не се изградиле. Во текот на сојузничкото бомбардирање, многу луѓе од Хамбург се засолниле во еден од блоковите, а подоцна бегалци од источниот дел на Германија биле вдомени тука. До крајот на војната, овие градби биле користени од страна на женскиот помошен персонал на Луфтвафе.
Повоена употреба
уредиВо 1945, Црвената армија презела контрола на областа и основала воена база во Прора. Втората артилериска бригада на Советската армија го зафатила блокот 5 од Прора од 1945 до 1955. Потоа, советската војска ги извадила сите употребливи материјали од градбата. Кон крајот на 1940-тите, два од блоковите, еден на северната страна, а друг на јужната страна, биле срушени.
Кон крајот на 1950-тите, источногерманската војска повторно изградила неколку од зградите. Бидејќи градбите биле соголени до самите тули кон крајот на 1940-тите, поголем дел од надворешноста и внатрешноста, која може да се види и денес, била завршена во време на Источна Германија. По создавањето на Националната народна армија на ГДР во 1956, зградите станале ограничена воена зона, дом на неколку единици на источногерманската армија. Најпозната од нив била 40. падобрански баталјон „Вили Зенгер“, сместен во блокот 5 од 1960 до 1982. Блокот 4 на северната страна бил користен за обука на баталјонот и други. Големи делови останале руини до денес. Од 1982 до 1990 во зградите била сместена градежната единица на источногерманската армија „Мукран“. Дел од градбата служела како дом за закрепнување на војската.
По повторното обединување на Германија, Националната народна армија на ГДР била споена со западногерманскиот Бундесвер, кој ја преземал зградата. Делови на зградата биле користени од 1990 до 1992 од Военотехничката школа на Бундесверот. Од 1992 до 1994 дел од зградата бил користен за баратели на азил од Балканот.
Почнувајќи од раните 1993, објектот бил празен и градбите биле предмет на пропаѓање и вандализам. Исклучок на ова бил блокот 3, кој од 1995 до 2005 бил домаќин на бројни музеи, специјални изложби и галерија. Помеѓу 1993 и 1999, местото служело како една од најголемите младински хостели во Европа.
Од 2000, Документацискиот центар Прора се наоѓа во јужниот дел на градбите. Овој центар ја документира изградбата и историјата на користење на градбата.
Продажба и развој
уредиОд 2004, блоковите на градбата биле продавани поединечно за неколку различни цели. На 23 септември 2004, блокот 6 бил продаден за 625.000 евра на непознат понудувач. На 23 февруари 2005, блокот 3, поранешен музеј Миле, бил продаден на Inselboggen GmbH, кој објавил дека градбата ќе ја користи како хотел. Во октомври 2006, блоковите 1 и 2 биле продадени на Prora Projektentwicklungs GmbH, кој објавил планови за преобразување на градбите во продавници и апартмани. Меѓутоа, блокот 1 бил повторно понуден на продажба на аукција на 31 март 2012 и бил купен од берлински инвеститор за 2,75 милиони евра.
Во ноември 2006, Сојузната агенција за станбен простор го купила блокот 5. Со финансиска поддршка од сојузната влада и покраината Мекленбург-Западна Померанија се планира да се основа младински хостел во зградата. Сместен во најсеверниот дел на комплексот бил поделен на пет допирни делови. Во јули 2011, долгопланираниот голем младински хостел со 402 кревети во 96 соби бил отворен.
Во септември 2010 биле објавени планови од германско-австриски инвестирот за обнова на блоковите 1 и 2 како дом за стари лица и хотел со 300 креведи, кој ќе вклучува тениски терени и базен и мал трговски центар. Инвестицијата се проценува на 100 милиони евра.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Најголемиот хотел на светот без ниту еден посетител“. Дневник. МПМ. 21 јануари 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 23 февруари 2014.
- ↑ Тристана Мур (13 декември 2008). „Камп за одмор со нацистичко минато“. BBC News. Посетено на 23 февруари 2014.
Надворешни врски
уреди„Прора“ на Ризницата ? |
- Официјална страница Архивирано на 19 јули 2011 г.
- Слики од Прора од 2008 Архивирано на 24 јули 2011 г.
- Статија на ББС
- Слики од внатрешноста од 2009