Шифра непозната (филм)
„Шифра непозната“ (француски: Code inconnu : Récit incomplet de divers voyages) – филм на режисерот Михаел Ханеке (Michael Haneke) од 2000 година. Ханеке е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Жилиет Бинош (Juliette Binoche), Тјери Нувек (Thierry Neuvic) и Јозеф Бирбихлер (Josef Bierbichler). Филмот е инспириран од животот на францускиот писател и воен известувач, Оливие Вебер (Olivier Weber). На Канскиот филмски фестивал, Ханеке ја освоил наградата на Екуменското жири, а бил номиниран и за „Златната палма“.[1]
Синопсис
уредиНа една многу прометна улица во Париз некој испушта парче хартија во испружените раце на една питачка. Токму тоа е нишката која ги поврзува животите на неколку сосема различни ликови...