Шифон
Шифон (фра: chiffon што во превод значи штоф или крпа)[1] е лесна и прозрачна ткаенина исткаена од памук, свила или синтетички влакна.[2]
Поранио шифонот се правел исклучиво од свила. Во 1938 г., пронајдена е најлонската верзија на шифон, а во 1958 г. создаден е и полиестерскиот шифон, кој стекна огромна популарност поради неговата издржливост и ниска цена.
Шифонот најчесто се користи како вечерна облека, претежно како наметка, за да ѝ даде елегантен и лебдечки изглед на тоалетата. Ткаенината се користи и за изработка на женски блузи, панделки, марами и долна облека. Шифонот е тежок за работа поради неговата ретка (со слаба густина) и лизгава текстура. Поради ова, шифонот мора рачно и внимателно да се пере.[3]
Шифонот е лесна ткаенина која може лесно да се отпара, и за да се спречи ова мора да се користат врзани или француски шевови. Шифонот е помазен и посјаен од на него сличната ткаенина Жоржет.
Наводи
уреди- ↑ Hans Wehr Arabic Dictionary. стр. 404.
- ↑ „Моден речник #2: Дознајте повеќе за материјалите“.
- ↑ Kadolph, Sara J., ed.: Textiles, 10th edition, Pearson/Prentice-Hall, 2007, ISBN 0-13-118769-4, p. 230.