Шиндра[1][2]кровна покривка од цепени дрвени штички, што се поставени една преку друга со преклоп. За шиндра најчесто се користи старо борово дрво (над 50 години) и тоа само делот од стеблото од коренот до еден метар висина. Во последно време се користи и помладо дрво, но импрегнирано.

Куќа покриена со шиндра на границата меѓу Словенија и Австрија

Шиндрата се користи како покривка во сите делови на Европа каде што има многу четинари и каде има обилни врнежи, бидејќи може да се користи само за покривање покриви со голем наклон. Поради својата цена (шиндрата спаѓа во скапи покривни материјали), денес сè помалку се користат.

Галерија

уреди

Наводи

уреди