Шехриски јазик, или познат како џибалски (jibbali на омански арапски значи „планински“) е семитски јазик, дел од групата на јужноарапски јазици. Јазикот го зборуваат мал број население во крајбрежјето на Оман, поточно во регионот од Салала во гувернаријата Дофар во југозападен Оман.

Шехриски јазик
Џибалски јазик
Застапен воОман
Говорници59,000  (2001-2011)[1]
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3shv
{{{mapalt}}}

Преглед

уреди

Шехрискиот јазик е поделен на три дијалектни подгрупи: западношехриски, централношехриски и источношехриски. Шехријците општо гледано живеат во еден вид полуномадски живот, каде одгледувањето крави и камили е доминантна економска активност. Дијалектите немаат поголеми разлики меѓу себе и општо гледано се многу слични.

Како и со случајот со останатите јужноарапски јазици, така и Шехријците се двојазично, зборуваат шехриски и арапски. Јазикот не е пишам и е доминантно устен. Доминацијата на арапскиот јазик е јасно воочлива во регионот и на целиот полуостров.

Наводи

уреди
  1. „Shehri“. Ethnologue (англиски). Посетено на 2018-06-28.

Литература

уреди
  • Fradkin, R. (1985). Middle East Studies Association Bulletin, 19(1), 103-104. Retrieved from https://www.jstor.org/stable/23057846
  • Hayward, K., Hayward, R., & Al-Tabūki, S. (1988). Vowels in Jibbāli Verbs. Bulletin of the School of Oriental and African Studies,University of London, 51(2), 240-250. Retrieved from https://www.jstor.org/stable/618210
  • Marie-Claude Simeone-Simelle. 1997. The Modern South Arabian Languages. In Robert Hetzron (ed.), The Semitic Languages, 378-423. London &New York: Routledge.
  • Moseley, C. (2010). Encyclopedia of the world's endangered languages. London: Routledge. Middle East and North Africa
  • Rubin, Aaron D. The Jibbali (Shaḥri) language of Oman: grammar and texts. Leiden: Brill, 2014. Print.

Надворешни врски

уреди