Шехзаде Коркут
Шехзаде Коркут (1467–1513) бил отомански принц и регент за неколку денови на османлискиот престол.
Шехзаде Коркут | ||
Роден | 1467 Амасија, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1513 Бурса, Отоманско Царство | |
Занимање | османлиски принц |
Тој е роден во Амасија во 1467. Неговиот татко бил Бајазит II. Денеска не е познато дали негова мајка била Нигар Хатун или Ѓулбахар Валиде султан. Кога неговиот дедо Мехмед II починал во 1481 година, тој бил регент за 18 дена до пристигнувањето на неговиот татко во престолнината.
Тој бил владетел на Анталија но кога побарал да му биде доделена поблиска територија на владеење до Истанбул, во истиот момент бил одбиен по кое тој побегнал во Египет. Ова од страна на Бајазит било сметано како предавство па тој морал повторно да замине во Истанбул и да се извини [1][2]. Во текот на војната помеѓу Шехзаде Ахмед и Шехзаде Селим, тој останал неутрален бидејќи немал приврзаници кои би застанале на негова страна.
По абдикцијата на неговиот татко, Селим го егзекутирал во Бурса во 1513 година.