Шефа
Шефа е една од шестте покраини во Вануату. Покраината се наоѓа во средишниот дел на Вануату и е составена од островите Ефате, Епи и Шепердовите Острови. Името на покраината потекнува од првите букви на главните острови: Шепердови Острови, Епи и Ефате. Покраината има население од 78,723 жители и површина од 1,455 км². Административен центар на покраината е главниот град на Вануату - Порт Вила.
Географија
уредиОстровите во покраината се со вулканско потекло.[1] Во покраината има само еден активен вулкан, на островот Епи, кој е активен понекогаш. Во морето, околу островите има подводни вулкани.
Покраината е составена од околу 27 острови. Најнаселен е островот Ефате, каде се наоѓа главниот град. Околу островите има голем број гребени, кои се погодни за нуркање. Некои од островите во покраината немаат постојан извор на питка вода, па така, водата мора да ја собираат кога има врнежи. На поголемите острови се наоѓаат следните реки: Тагабе, Епуле и Рентапау.
Острови
уреди- Поголеми острови
име | население | површина км2 |
---|---|---|
Банунга | 144 | |
Ефате | 65,829 | 899.5 |
Емае | 743 | 32 |
Емао | 602 | |
Епи | 5,207 | 444 |
Ифира | 811 | |
Ламен | 440 | |
Лелепа | 387 | |
Макура | 106 | |
Матасо | 74 | |
Мосо | 237 | |
Нгуна | 1,255 | |
Пеле | 321 | |
Тонгарики | 267 | |
Тонгоа | 2,300 |
- Целосен список
Население
уредиПорт Вила е дом на околу 44.000 жители, повеќето Вануаќани. Целата покраина има околу 79.000 жители, според пописот од 2009 година.[2] Според статистичките информации, има зголемување на урбанизацијата, двојно.[3]
Наводи
уреди- ↑ Seech, John. „Vanuatu Islands - John Seach“. Vanuatu Travel. Архивирано од изворникот на 2020-01-17. Посетено на 10 August 2018.
- ↑ 2009 Census Summary release final Архивирано на 21 декември 2013 г. - Government of Vanuatu
- ↑ National Statistics Office, (2001), 1999 national populations census: demographic analysis report, Port Vila, Vanuatu.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Nautilus Dive Архивирано на 23 октомври 2012 г.
- Канцеларија за туризам на Вануату