Епи
Епи (бислама: Epi) е остров во покраината Шефа во Вануату.
Карта на Епи. | |
Географија | |
---|---|
Место | Тихи Океан |
Координати | 16°53′S 168°18′E / 16.89° ЈГШ; 168.30° ИГД |
Архипелаг | Вануату |
Површина | 444 км2 |
Највисоко место | 833 м |
Највисока точка | Помаре |
Држава | |
Vanuatu | |
Покраина | Шефа |
Демографија | |
Население | 5,207 (2009) |
Густина | 6,84 /km2 (1.772 /sq mi) |
Население
уредиСпоред податоците од 1986 година островот имал население од 3.035 жители, а според пописот од 2009 година островот имал население од 5.200 жители.[1][2]
На островот Епи се зборуваат: бјериски јазик, маиски јазик, бакиски јазик, бјерепски јазик и ламенски јазик. На островот функционирал Средното училиште Епи, како и болницата Ваенали.
Географија
уредиОстровот е долг 43 километри, широк до 18 километри со вкупна површина од 444 км2. Вкупниот брег на островот е 130 километри. Епи е остров со вулканско потекло и највисока точка е Помаре со 833 метри надморска висина. Во непосредна близина на Епи се островите Намука и Ламен.[3]
Во северозападниот дел на островот се наоѓа Ламенскиот Залив, каде има песочни плажи. Во заливот има и корален гребен. ’Ртот Форланд се наоѓа на западниот брег на Епи. Во североисточниот дел на островот се наоѓа Драмондскиот Залив каде се наоѓа и Заштитената морска област Никаура. Оваа област била основана во 2000 година. На островот има три мали езера со свежа вода.
Историја
уредиЕпи претрпел иселување во 19 век, до степен што ова иселување било најголемо од сите острови во Вануату. Има податоци дека во минатото островот бил многу повеќе јазично разновиден, за разлика од денес. Луѓето од внатрешноста на островот биле преселени на брегот.[4]
Сообраќај
уредиНа Епи има два аеродрома, односно писти: Аеродром Ламенски Залив и Аеродром Валесдир.
Наводи
уреди- ↑ 2009 Census Summary release final Архивирано на 21 декември 2013 г. - Government of Vanuatu
- ↑ „Vanuatu“. Haos Blong Volkeno. Архивирано од изворникот на 8 August 2018. Посетено на 8 August 2018.
- ↑ „Shefa Province“. Vanuatu Travel. Посетено на 12 August 2018.
- ↑ Lynch, John (2001). Languages of Vanuatu: A new survey and bibliography. Canberra: Pacific Linguistics. стр. 100. ISBN 0 85883 469 3.
Надворешни врски
уреди- Јазици на Епи Архивирано на 12 ноември 2009 г.
- Приказни од Епи Архивирано на 6 мај 2006 г.
- Туристичка страница за Епи
- .htm Сместување на Епи Архивирано на 28 декември 2013 г.