Шенинген (слободна област)
Шенинген (германски: Schöningen) — слободна област во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Името на областа доаѓа од соседниот град Шенинген.
Областа има површина од 11,92 км2[1] и се граничи на север со општините Ребке и Варберг, на исток со градот Шенинген и на југ со општината Зелинген во истиот округ. На запад се граничи со слободната област Фогтсдалум во округот Волфенбител.
Слободната област е ненаселена. Од статистички причини се води под бројот 03 1 54 506.[1]