Шарли Ебдо (француски: Charlie Hebdo, Неделник „Шарли“) — француски неделен сатиричен весник,[3] во кој се објавуваат карикатури, извештаи, полемики и шеги. Списанието е препознатливо по својот тон со кој не покажуваат никаква почит спрема религијата и строго неконформистички став. Се опишува себеси како силно антирасистичко, антиверско, и левичарско, па така често објавува статии против крајната десница, религијата[4] (католицизмот, исламот, јудаизмот), политиката, културата итн. Според поранешниот уредник Стефан Шарбонје „Шарб“, уредничката гледна точка на списанието е да ги одразува „сите компоненти на плурализмот на левото крило, па дури и апстинентите“.[5]

Шарли Ебдо
Лого на неделникот Шарли Ебдо
Типсатирично неделно списание
Форматсписание
УредникЖерар Бијар
Основан1970[1]
Политичка определбалевичарско
Престанал1981
Обновен1992
СедиштеПариз, Франција
Тираж45.000[2]
ISSN1240-0068
Страницаcharliehebdo.fr

Списанието било мета на два терористички напади, еден во 2011 и еден во 2015 година, за кои се претпоставува дека се одговор на објавувањето на голем број на контрoверзни карикатури со пророкот Мухамед. За време на вториот напад, 12 лица беа убиени, вклучувајќи го и Шарбонје и неколкумина новинари (карикатуристи).

Напад на редакцијата

уреди

Нападот на редакцијата на неделникот Шарли Ебдо се случил на 7 јануари 2015 година околу 11:30 часот по средноевропско време, кога двајца маскирани напаѓачи, вооружени со автоматски пушки, упаднале во седиштето на француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ во Париз.[6] Во текот на нападот загинале 12 луѓе, вклучувајќи десет вработени и два припадници на полициските сили, а раниле 11 други луѓе.[7][8]

Наводи

уреди
  1. McNab 2006, стр. 26: "Georges Bernier, the real name of 'Professor Choron', [... was] cofounder and director of the satirical magazine Hara Kiri, whose title was changed (to circumvent a ban, it seems!) to Charlie Hebdo in 1970."
  2. L'Obs; Agence France-Presse (4 October 2012). "Charlie Hebdo" triple ses ventes avec les caricatures de Mahomet“. L'Obs (француски). Посетено на 9 January 2015.
  3. „Charlie Hebdo: first cover since terror attack depicts prophet Muhammad“. The Guardian. 13 January 2015. Посетено на 13 January 2015.
  4. Charb. „Non, "Charlie Hebdo" n'est pas raciste !“. Le Monde. Посетено на 4 March 2014.
  5. «Charlie Hebdo, c'est la gauche plurielle» [archive] sur lecourrier.ch 9 April 2010
  6. „BBC News – Charlie Hebdo: Major manhunt for Paris gunmen“. BBC News. Посетено на 8 јануари 2015.
  7. „Gun attack on French magazine Charlie Hebdo kills 11“. BBC News. 7 јануари 2015. Посетено на 8 јануари 2015.
  8. „Charlie Hebdo attack: 12 dead in Paris, manhunt on“. CNN. Посетено на 8 јануари 2015.