Чување на вонземските примероци

Чувањето и ракувањето со вонземските примероци (астроматеријалите) прибавени преку мисии за враќање на примероци се врши во специјално дизајнирани постројки со цел да се зачува целовитоста на примерокот и за да се заштити Земјата. Астроматеријалите се групираат на неограничени и ограничени, во зависност од природата на телото од Сончевиот Систем од каде што тие потекнуваат. Неограничени примероци се оние кои потекнуваат од Месечината, астероидите, кометите, сончевите честички и вселенската прашина. Ограничените примероци се прибавени од планети или месечини за кои постои сомневање дека порано или сега имаат средини погодни за микроскопски живот, и затоа мора да се третираат како екстремно биоопасни.

Постројка за обработка во Дирекцијата за Истражување и Испитување на Астроматеријали на НАСА

Преглед

уреди

Инструментите на вселенските летала се ограничени во поглед на масата и енергијата, а исто така ограничувања наметнува и екстремната вселенска средина врз чувствителните научни инструменти, така што носењето вонземски материјал на Земјата е пожелно за да се извршат опсежни научни анализи. За да се заштити планетата, примероците од астроматеријали донесени на Земјата преку мисиите за враќање на примероци мора да бидат доставени и чувани во посебно дизајнирана и опремена биозаштитна постројка во која исто така мора да има чиста соба да се зачува научната вредност на примероците.

Примероците донесени од неограничени тела, какви што се Месечината, астероидите, кометите, сончевите честички и вселенската прашина, се обработуваат во специјализирани објекти оценети со ниво на биосигурност-3 (НБС-3). Примероците донесени на Земјата од планети или месечини за кои постои сомневање дека порано или сега имаат средини погодни за микроскопски живот, тоа вселенско тело се класифицира како тело од категорија V, а астроматеријалите мора да се чуваат во објекти оценети со ниво на биосигурност-4 (НБС-4), според Член IX од Договорот за вселената.[1][2] Сепак, за постојните објекти НБС-4 во светот нема комплицирани барања со кои би се обезбедило истовремено зачувување и заштита на Земјата и на примерокот.[3] Додека во постоечките НБС-4 капацитети првенствено се испитуваат прилично добро познати организми, НБС-4 објектите насочени на испитување на вонземски примероци мора однапред внимателно да ги планира системите, и притоа треба да имаат предвид дека ќе настанат непредвидени проблеми за време на проценката и чувањето на примерокот што ќе бара самостојно размислување и брзи решенија.[4] Предизвикот е во тоа што, иако е релативно лесно само да се заштитат примероците штом ќе бидат донесени на Земјата, истражувачите ќе сакаат да земат дел за да направат анализи. За време на овие постапки на ракување, примероците треба да бидат заштитени од Земјиното контаминирање и од нивен контакт со атмосферата.[5][6]

Неограничени материјали

уреди
 
Капсулата за враќање на примерокот на Стардаст по повторното влегување на Земјата

Во 2019 година, Јапонската вселенска агенција JAXA и американската вселенска агенција НАСА биле единствените агенции во светот кои работеле со НБС-3 лаборатории исклучиво посветени на чување примероци од неограничени тела.[7][8][9] Главна одлика на објектот за чување на JAXA - Центарот за прибирање на вонземски примероци, е способноста да се набљудува, да се оддвои дел и да се зачува скапоцениот вратен примерок без тој да биде изложен на атмосферата и други загадувачи.[10]

Примероците од советските мисии Луна се проучуваат и се складираат во Вернадски Институтот за Геохемија и Аналитичка Хемија при Руската академија на науките.[11]

Ограничени материјали

уреди
 
Работење во лабораторија со ниво на биосигурност 4 со црева за воздух кои овозможуваат позитивен воздушен притисок

Вратените примероци прибавени од тело од V категорија, мора да се чуваат во објекти со ниво на биосигурност-4 (НБС-4). Бидејќи постојните објекти со НБС-4 во светот немаат комплексни барања со кои ќе се овозможи зачувување и заштита на Земјата и истовремено на примерокот,[3] во моментов има барем два предлози за изградба на објект со НБС-4 во кои ќе се набавуваат ограничените (потенцијално биоопасни вонземски материјали.

Една од нив е Европската Постројка за Чување на Примероци,[12][13] која треба да се изгради во Виена и каде ќе се чуваат неограничени примероци, како и биозаштита од НБС-4 ограничени материјали добиени од тела од V категорија, како што се Марс, Европа, Енкелад, итн.[12]

Другиот предлог доаѓа од НАСА и привремено е познат како Постројка за Примање Примероци Донесени од Марс (англиски акроним: MSRRF).[14][15] Во 2009 биле поднесени најмалку три различни дизајни.[3] Доколку биде финансиран, на оваа американска постројка би и биле потребни од 7 до 10 години од одобрување на дизајнот до комплетирањето,[16] а се препорачуваат уште две години за обука на персоналот. НАСА исто така врши проценка на предлогот од 2017 година за изградба на мобилна и модуларна НБС-4 постројка која ќе биде еден вид на капсула во која ќе се ставаат вратените примероци на лице место по слетувањето и во која ќе се спроведуваат прелиминарни анализи на биоопасност.[17] По завршувањето на тестирањето од потенцијална биоопасност, може да се донесе одлука за стерилизирање на примерокот или да се пренесе во целост или негови делови за да се складира во постојана постројка.[17]

Системите на тие постројки мора да можат да ги задржат непознатите биолошки опасности, затоа што е непозната големината на некој наводен вонземски микроорганизам или инфективен агенс. Најдобро би било да се филтрираат честички поголеми од 0,01 μm, а пропуштање на честичка поголема од 0,05 μm би било неприфатливо под ниедни околности.[18] Ваквото исклучително ниско ограничување на големина од 0,01 μm е поради можното присуство на агенти за пренос на гени (англиски акроним: GTA) кои се честички слични на вируси произведени од некои микроорганизми кои содржат делови од ДНК способни за хоризонтален пренос на гени.[18] Тие по случаен избор примаат делови од геномот-домаќин и можат да ги пренесат на други еволутивно далечни домаќини, а без притоа да го убијат новиот домаќин. Вака многу археи и бактерии можат да си ја разменуваат ДНК-та. Ова ја зголемува можноста за животот на Марс, ако тој во далечното минато има заедничко потекло со животот на Земјата, би можело да ја замени ДНК со микроорганизмите на Земјата на ист начин.[18] Друга причина за поставување на граница од 0,01 μm е поради откривањето на ултрамикробактерии со големина од преку 0,2 μm.[18]

Оние што претпочитаат роботи сметаат дека луѓето претставуваат значаен извор на контаминација за примероците и дека во НБС-4 објектите во иднина треба да работат само роботи.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Wikisource:Outer Space Treaty of 1967#Article IX
  2. Centre National d’Etudes Spatiales (CNES) (2008). „Planetary protection treaties and recommendations“. Архивирано од изворникот на 2014-08-20. Посетено на 2012-09-11.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Hsu, Jeremy (3 December 2009). „How to Protect Mars Samples on Earth“. Space.com.
  4. Planning for the Analytic Environment to Conduct Life Detection Experiments on Samples Returned from Mars: Observations and Issues (2012) D. S. Bass, D. W. Beaty, C. C. Allen, A. C. Allwood, L. E. Borg, K. E. Buxbaum1, J. A. Hurowitz and M. D. Schulte. Lunar and Planetary Institute. 2012. Accessed: 19 August 2018.
  5. Cleanroom Robotics -Appropriate Technology for a Sample Receiving Facility. 2005.
  6. „2010 Mars Sample Return Orbiter decadal survey“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-05-08. Посетено на 2021-11-30.
  7. Davis, Jason (5 July 2018). „What's the benefit of sample-return?“. The Planetary Society.
  8. Allen, Carlton; Allton, Judith; Lofgren, Gary; Righter, Kevin; Zolensky, Michael (2011). „Curating NASA's extraterrestrial samples—Past, present, and future“. Geochemistry. 71 (1): 1–20. Bibcode:2011ChEG...71....1A. doi:10.1016/j.chemer.2010.12.003. |hdl-access= бара |hdl= (help)
  9. Curating NASA's Future Extraterrestrial Samplke COllections: How do we achieve maximum proficiency? (PDF). Francis McCubbin, etal. 41st COSPAR Scientific Assembly 2016.
  10. Current status of JAXA's Extraterrestrial Sample Curation Center. (PDF). M. Abe, T. Yada, M. Uesugi, Y. Karouji, A. Nakato, K. Kumagai, and T. Okada1. 2014.
  11. Transport to Curation Facility. Euro-CARES. Andrea Longobardo, Fabrizio Dirri, Ernesto Palomba. 31 October 2016.
  12. 12,0 12,1 EURO EURO-CARES Extraterrestrial Sample Curation Facility: Architecture as an enabler of science Архивирано на 25 септември 2018 г.. (PDF) Aurore Hutzler, Emre Kilic, Allan Bennett, Ludovic Ferrière. 47th International Conference on Environmental Systems, 16–20 July 2017, Charleston, South Carolina. Document ICES-2017-323.
  13. EURO-CARES. European Curation of Astromaterials Returned from Exploration of Space. Accessed: 25 September 2018.
  14. Ronald Atlas (2002). „Mars Sample Return Receiving Facility“ (PDF). NASA.
  15. Ronald Atlas (2008). „Mars Sample Return Receiving Facility“ (PDF). NASA.
  16. Mars Sample Return: Issues and Recommendations (Planetary Protection Office Summary) Task Group on Issues in Sample Return. National Academies Press, Washington, DC (1997)
  17. 17,0 17,1 Mobile/Modular BSL-4 Facilities for Meeting Restricted Earth Return Containment Requirements. M. J. Calaway, F. M. McCubbin, J. H. Allton, R. A. Zeigler, and L. F. Pace. (PDF) NASA. 2017.
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 European Science Foundation - Mars Sample Return backward contamination - Strategic advice and requirements Архивирано на 2 јуни 2016 г.