Чувар на куќата (англиски: Housesitter) е американски филм од 1992 година, во режија на Френк Оз. Главните улоги ги толкуваат: Стив Мартин и Голди Хоун.

Содржина уреди

Еден наивен архитект, Њутон Дејвис, (го игра Мартин) ја изработува куќата од соништата во предградието, наменета за својата долгогодишна девојка, со надеж дека таму ќе живеат среќно до крајот на животот. Откако таа ќе ја одбие неговата брачна понуда, лудата келнерка Гвен, која многу лаже, се вселува во куќата и се претвора дека му е жена.[1] [2]

Наводи уреди

  1. Антена, број 852, 24.10.2014, стр. 26.
  2. Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 26.