Чозубачи (手水鉢) е чешма со многу едноставна конструкција, комбинација набамбус, камен и/или дрво, така да делува природно. Чозубачи потекнува од древните шинтоистички и будистички светилишта и храмови во Јапонија каде верниците ги миеле рацете и ја испирале устата пред влегување во светилиштето. Оваа било акт на прочистување на телото и душата. Чозубачи е во отворен павилјон кој се нарекува чозуја или темизуја (手水舎). Подоцна се врзува за чајните градини и во текот на вековите добива почесно место во церемонијата на пиење на чај. Базенот чозубачи е повисок од 40 cm. Мајсторите на чајните церемонии подоцна ги преуредиле базените во тркалезна чинија во чајните градини и ги создале цукубаи, чија висина е 30 cm или помали. Многу јапонски градини денес ги имааат двете чешми кои се снабдеваат со вода низ бамбусовото стебло – какеи.

Чозубачи

Литература

уреди
  • Грбић, М. (2015): Историја вртне уметности. Универзитет у Београду.

Надворешни врски

уреди