Човечко, премногу човечко
Човечко, премногу човечк (германски: Menschliches, Allzumenschliches, Ein Buch für freie Geister) - книга на германскиот филозоф Фридрих Ниче од 1878 година.
Содржина
уредиОсврт кон делото
уредиОва дело, Ниче го нарекува „споменик на една криза“ при што секоја реченица во неа изразува по една победа, зашто ова дело му овозможило да се ослободи од она што било несвојствено на неговата природа - идеализмот. Во делото, Ниче ги замрзнал сите идеали, како: генијот, јунакот, верата, светоста, соучеството, „стварта сама по себе“ итн. Според неговото сведоштво, почетоците на ова дело датираат од времето на првите свечени претстави во Бајројт, кога во него се појавила длабока отуѓеност од сè што го окружувало и одвратност кон вагнерството како урнек на германската култура. Според Ниче, „Човечки, премногу човечки“ е „споменик на ригорозното самовоспитување“ со кое тој се подготвувал за радикален раскин со идеализмот. Најголемиот дел од книгата била напишана во Соренто, а таа била завршена една зима во Базел при што Ниче диктирал, легнат в кревет, а пишувал неговиот пријател Петер Гаст, тогашен студент на Универзитетот во Базел. По издавањето на книгата, Ниче испратил два примерока во Бајројт, а истовремено тој добил еден примерок на текстот на „Парсифал“, потпишан од Вагнер. Според Ниче, ова вкрстување на книгите симболично претставувало збогување со Вагнер.[1]
Наводи
уреди- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 98-106.