Човекот волк (филм од 1941)

„Човекот волк“ (англиски: The Wolf Man) — американски филм од 1941 година, во режија на Џорџ Вагнер, според сценариото на Курт Сиодмак. Главните улоги ги толкуваат: Лон Чејни, Клод Рејнс, Ворен Вилијам, Ралф Белами, Бела Лугоши, Марија Успенскаја, Евелин Анкерс итн.

Промотивна слика со Евелин Анкерс и Лон Чејни Џуниор.

Синопсис

уреди

Лари Талбот (го игра Чејни) се враќа во родното место. Него го напаѓа волк при што успева да го касне на раката. Меѓутоа, по борбата, волкот исчезнува, а Лари сфаќа дека го убил Циганот Бела (го игра Лугоши). Всушност, станува збор за врколак, така што набргу кај Лари се јавуваат првите симптоми од неговата трансформација во врколак. Една ноќ, тој го убива гробарот по што кај населението се јавува паника. Една ноќ, мажите организираат потера по „волкот“ при што Лари се фаќа во поставените стапици, но го спасува Циганката Малева (ја игра Успенскаја). Лари се обидува да го убеди својот татко, сер Џон Талбот (го игра Рејнс), дека му се случуваат чудни работи, но тој смета дека Лари има психички нарушувања. Кога мажите повторно организираат потера по „волкот“, сер Џон го заврзува својот син на столот и го затвора во собата, а потоа им се приклучува на прогонувачите. Во шумата се појавува и убавата Гвен Конлиф (ја игра Анкерс) која ја напаѓа врколакот. Тогаш, сер Џон почнува борба со врколакот и го убива, но кога се појавува Малева, врколакот го добива ликот на Лари.[1]

Наводи

уреди