Заситеност (боја)

(Пренасочено од Чистота на поттик)

Бојност, хрома и заситеност — сродни но различни поими што се однесуваат на јачината на дадена боја. „Бојноста“ е степенот на различноста помеѓу бојата и сивата. „Хрома“ е бојноста во однос на светлоста на друга боја што изгледа бела под слични услови на набљудување. „Заситеноста“ е бојноста на бојата во однос на нејзината сопствена светлост.[1] Честопати поимите се користат без голема прецизност. Дури и кога се добро дефинирани, тие зависат од дадениот боен модел што се користи.

Изворна слика со релативно потиштени бои
L*C*h (Lab) - хрома зголемена на 50%
HSL - заситеност зголемена на 50%; со промена на заситеноста се менува и восприемната светлост на бојата
CIELAB - светлоста е неизменета, a* и b* се отстранети, добивајќи слика во сиви нијанси

Стимулот со голема бојност е жив и јак, додека пак оној со помала бојност е попотиштен и поблизок до сивата боја. Кога нема никаква бојност, бојата е „неутрална“ сива (кога ниедна боја нема бојност, сликата е во „сиви нијанси“). Секоја боја може да се опише со три атрибути—бојност (хрома, заситенсот), светлост и тон.

Заситеност

уреди
 
Скала на заситеност (0% at bottom and it is black and white).

Заситеноста е една од трите координати на бојните простори HSL и HSV. Практично сите сметачки програми што ги користат овие простори користат многу груба приближност во пресметувањето на вредноста што ја нарекуваат „заситеност“, како формулата за HSV. Оваа вредност нема врска со долуопишаното

Колку една боја е заситена зависи од комбинацијата на светлосната јачина и од тоа колку е распределена по спектарот на различни бранови должини. Најчистта (најзаситена) боја се добива со само една бранова должина при голема јачина, како што е ласерската светлина. Ако се намали јачината, се намалува и заситеноста. За да одзаситиме боја со дадена јачина во суптрактивен систем (како водени бои), можеме да додадеме бела, црна, сива или пак комплементот на тонот.

Следат разни поврзаности со заситеноста.

CIELUV
хрома нормализирана со светлоста:
 

каде (un, vn) е хроматичноста на белата точка, а хромата е дефинирана подолу.[2]

По аналогија, во CIELAB ова дава:

 

Но следнава формула е во склад со човечкото восприемање на заситеноста: Формулата предложена од Ева Либе одговара на зборовната дефиниција на Манфред Рихтер: „Заситеноста е уделот на чистата хроматична боја во вкупното восприемање на бојата.[3]

 

каде Sab е заситеноста, L* е светлоста, а C*ab е хромата на бојата.

CIECAM02
Квадратен корен од бојноста поделена со светлоста:
 

Чистота на поттикот

уреди
 
Чистотата на поттикот е релативното растојание од белата точка. Контурите на постојана чистота се наоѓат со смалување на спектралната положба околу белата точка. Точките долж отсечката имаат ист тон, каде pe се зголемува од 0 на 1 помеѓу белата точка и спектралната положба (т.е. на потковицата на дијаграмот) или (како на заситениот крај на линијата прикажана на дијаграмот) на виолетовата линија.

Чистотата на еден поттик е неговата различност од белата точка на осветленик во однос на најоддалечената точка на хроматскиот дијаграм со ист тон (доминантна бранова должина за монохромни извори); користејќи го бојниот простор CIE 1931:[4]

 

каде (xn, yn) е хроматичноста на белата точка, а (xI, yI) е точката на обиколката чија отсечка што води до белата точка ја содржи хроматичноста на поттикот. Може да се користат разни бојни простори (како CIELAB или CIELUV), што би дало различни резултати.

Хрома во бојните простори CIE 1976 L*a*b* и L*u*v*

уреди

Наивната дефиниција за заситеност не ја укажува нејзината функција на одѕив. Во бојните простори CIE XYZ и RGB, заситеноста се дефинира со адитивно мешање на боите, и има својство на пропорционалност со секое размерување на сосредоточено на белата боја или осветленикот на белата точка. Меѓутоа, обата простора се нелинеарни во психиолошкото восприемање. Затоа, понекогаш е можно (и пожелно) да се зададе заситеносна величина линеализирана согласно психолошкото восприемање.

Во бојните простори CIE 1976 L*a*b* и L*u*v*, ненормализираната хрома е радијалниот дел од нивното претставување со цилиндричната координата CIE L*C*h (lightness, chroma, hue = светлост, хрома, тон). Преобразбата на (a*, b*) во (C*ab, hab) е дадена со:

 
 

и аналогно, за CIE L*C*h(u*v*).

Хромата во координатите на CIE L*C*h(a*b*) и CIE L*C*h(u*v*) ја има предноста на поголема психолошка линеарност, но не е линеарна мешањето составни делови на бојата по линеарен пат. Затоа, хромата во бојните простори CIE 1976 L*a*b* и L*u*v* е многу поразлична од традиционалната смисла на поимот „заситеност“.

Наводи

уреди
  1. Mark D. Fairchild. “Color Appearance Models: CIECAM02 and Beyond Архивирано на 5 април 2012 г.”. Slides from a tutorial at the IS&T/SID 12th Color Imaging Conference. 9 ноември 2004. пров. на 19 септември 2007
  2. Schanda, János (2007). Colorimetry: Understanding the CIE System. Wiley Interscience. ISBN 978-0-470-04904-4., стр 88.
  3. Lübbe, Eva (2010). Colours in the Mind - Colour Systems in Reality- A formula for colour saturation. [ook on Demand. ISBN 978-3-7881-4057-1.
  4. Stroebel, Leslie D. (1993). The Focal Encyclopedia of Photography (3E. изд.). Focal Press. стр. 121. ISBN 0-240-51417-3. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)