Во генетиката, чиста линија подразбира група на организми кои имаат одредени белези кои во потполност се предаваат на потомството како резултат на генетската еднородност на родителите. Во случај на ген кој поседува по неколку различни алели во популацијата, сите организми, кои се однесуваат кон една чиста линија, се јавуваат како хомозиготни за еден ист алел од дадениот ген.

Чистите линии често се нарекуваат сорти на растенија, кои при самоопрашување даваат генетски идентично и морфолошки слично потомство.

Аналогно, чистата линија кај микроорганизмите се нарекува сој.

Ла Мираж, чисто одгледан арапски пастув од Сала Ел Дине од Бинт Мангани

Чистите (инбридни) линии кај животните се добиваат со блискосродствено вкрстување во тек на неколку генерации. На овој начин животните кои ја сочинуваат чистата линија се здобиваат со еднакви копии на хромозоми, секој од хомологниот пар.