Чиполата
Чиполата ― вид на свеж колбас, најверојатно создаден во Франција. Колбасите со тоа име се појавуваат во изданието на Ескофјеовиот „Кулинарски еснаф“ („Le guide culinaire“) од 1903 година.[1] Чиполата често се подготвува како релативно тенок и краток колбас.
Чиполата обично се прави од крупно мелено свинско месо зачинето со сол и бибер заедно со билки и зачини — според конкретниот рецепт — како жалфија, мајчина душица, пименто или морско оревче.[2] Зборот е француски и веројатно потекнува од италијанскиот збор чиполата (cipollata), што во суштина значи „направено со кромид“ и според некои извори можеби се однесува на чорба од кромид со колбаси.[3]
Чиполатите се вообичаени во Обединетото Кралство. Тие често се појавуваат како дел од божиќната вечера завиткана во сланина како „свињи во ќебиња“.
Гарнитурата а ла чиполата се состои од кромид, колбаси од чиполата, костени, солено свинско месо, а понекогаш и моркови во сос од демиглас или мадеирскисос.[4]
Во Швајцарија позастапен е италијанскиот правопис cipollata. Исто така, колбасот обично содржи телешко и млеко, покрај свинско. Таа чиполата е пржена или на скара и често се служи на децата. Чиполатата има вкус и изгледа како мала верзија на братвурстот.[се бара извор]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Gilbert Auguste Escoffier (1903). Le guide culinaire. au bureau de "l'Art culinaire". стр. 377–378. Посетено на 8 мај 2022.
- ↑ Child, Julia, and Simone Beck, Mastering the Art of French Cooking, vol. 2.
- ↑ http://www.ochef.com/747.htm Архивирано на {{{2}}}.; also, Il cucchiaio d'argento has a "cipollata" recipe that is essentially a type of omelet.
- ↑ Escoffier, G. Auguste, Le guide culinaire.