Чинго
Чинго ― стратовулкан на границата помеѓу Гватемала и Ел Салвадор. Најголемата точка на гватемалско-елсалвадорската граница е вулканот Чинго на 1775 метри надморска височина. Населението кое живее на 30 километри од вулканот Чинго се проценува на околу 867, 678 луѓе. Нема документирани историски избуви за овој вулкан, но моментално е активен. Тој е заведен под вулканскиот број 342170 на мрежната страница на Смитсоновата установа.[1]
Чинго | |
---|---|
Chingo in 1999 | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1775 м |
Координати | 14°07′12″N 89°43′48″W / 14.12000° СГШ; 89.73000° ЗГД |
Географија | |
Место | Хуитапа, Гватемала Санта Ана, Ел Салвадор |
Геологија | |
Вид | Стратовулкан |
Последен избув | Непознато |
Геологија
уредиОвој симетричен стратовулкан има многу различни особености што го прават да се издвојува како највисоката точка на границата помеѓу Гватемала и Ел Салвадор. Има мал кратер со овален облик на врвот што е пробиен кон западната страна на вулканот.
Може да се најдат различни видови на карпи, како на пример: андезит/базалт Андезит и базалт/пикро-Базалт.[2]
Серо ла Ола, млад конус, се наоѓа на јужната страна на вулканот преку салвадорската граница.
Екосистем
уредиSobralia amabilis е елузивно цвеќе кое се наоѓа во регионите на Гватемала и Ел Салвадор. Sobralia amabilis или „Orchidaceae“ било забележано во близина на врвот на Чинго и бил единствениот забележан забележан во месната Гватемала.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Smithsonian Institution Global Volcanism Project“.
- ↑ „Global Volcanism Program | Chingo“. Smithsonian Institution | Global Volcanism Program (англиски). Посетено на 24 февруари 2022.