Четрсе — извонреден и вековен обичај во Штип, кој се практикува на верскиот празник „Свети 40 маченици“ на 22 март.[1] Впишан во списокот на нематеријално културно наследство на човештвото во 2013 година.[2]

Четрсе
Исарот
Доменипразничен настан
Поврзница00734
ОбластЕвропа и Северна Америка
Историја на впишувањето
Впишување2013 (8. сесија)

Учесниците се собираат на улиците и плоштадите во Штип, а потоа се искачуваат на стрмниот Исар. Попатно застануваат во црквата за да им одадат почести на Светите четириесет маченици. При искачувањето, според традицијата, учесниците треба да се поздрават со најмалку 40 луѓе. Младите собираат и 40 камчиња, 39 ги фрлаат во Брегалница, а едно оставаат под перница зашто, според верувањето, ќе го сонат животниот сопатник. Во текот на целиот ден во овој дел на градот свират музички групи што потоа свират на бродот сè до ноќта.

Празникот се пренесува од родителите што ги водат децата, или постари роднини и пријатели што ја пренесуваат традицијата на помладото поколение. Овој пролетен настан бара несебична соработка на многу луѓе од сите возрасни групи, општествени класи и потекло, со што се претставува и поттикнува заедништвото и солидарноста. Празникот е исто така начин за зближување на различните верски и етнички групи што живеат во Штип, со што се овековечува чувството за припадност на градот и неговите традиции.[2]

Нематеријално културно наследство уреди

Обичајот Четрсе во Република Македонија со Одлука на Управата за заштита на културното наследство орган на Министерството за култура донесе решение со бр.УП 10/36 од 21.01.2011 година со кое е прогласено за значајно културно наследство.[се бара извор]

Наводи уреди

  1. Обичајот „Четрсе“ на списокот на УНЕСКО Архивирано на 7 март 2020 г. на семрежното место на Општина Штип
  2. 2,0 2,1 Feast of the Holy Forty Martyrs in Štip на семрежното место на УНЕСКО (англиски) Пристапено на 11.03.2020

Надворешни врски уреди