Радиоспектар

(Пренасочено од Честотен појас)

Радиоспектар (радиочестотен спектар, радиофреквенциски спектар или РФ-спектар) — дел од електромагнетниот спектар што соодветствува на радиочестоти, т.е. оние пониски од 300 GHz (бранови должини над 1 мм).

План за намена на радиочестотните опсези на РМ на Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија (АЕК)

Разни делови од радиоспектарот се користат за разни видови на предавање и имаат различни примени. Радиоспектарот го регулира државната управа и издава одобренија за негово користење на мобилни оператори, ТВ станици и др. Во Република Македонија за ова е надлежна Агенцијата за електронски комуникации на РМ.[1] Опсезите на доделените честоти имаат свои доделени имиња (на пр. спетар на мобилна телефонија, телевизиски спектар итн).

Радиопојаси

уреди

Појас (радиочестотен опсег) е мал дел од спектарот на радиочестоти, каде каналите се користат за иста намена.

Кај честотите над 300 GHz, Земјината атмосфера е практично непробојна за електромагнетните зраци сè до инфрацрвените и оптичките честотни опсези, кога е повторно проодна.

За да се избегнат пречки и да се добие ефикасно искористување на радиоспектарот, секој појас се пополнува со слични предаватели. На пример, радиотелевизиските емитувачи, мобилни радиостаници и навигационите уреди добиваат сосем различни опсези што немаат никаков меѓусебен преклоп.

Секој од појасите има основен план кој диктира како појасот треба да се користи и споделува, сè со цел да се избегнат меѓусебни пречки, но и за да се овозможи уврдувањето на протокол за складност на предавателите и приемниците.

По договор, појасите се поделени на бранови должини од по 10n метри, т.е. честоти од 3×10n херци. На пример, 30 MHz или 10 m ги дели ниските, подолги честоти од VHF, кои се пократки и повисоки. Ова се делови од радиоспектарот, а не неговата нечестотна распределба.

Име на поајсот Крат. ITU-појас Честота и
бранова должина
Примена
< 3 Hz
> 100 000 км
Природен и вештачки електромагнетен шум
Крајно ниска честота ELF 1 3–30 Hz
100 000 км – 10 000 км
подводна радиоврска (подморници)
Суперниска честота SLF 2 30–300 Hz
10 000 км – 1000 км
подводна радиоврска
Ултраниска честота ULF 3 300–3000 Hz
1000 км – 100 км
подводна радиоврска, подземна радиоврска (рудници)
Многу ниска честота VLF 4 3–30 kHz
100 км – 10 км
радионавигација, часовна сигнализација, подводна радиоврска, безжични пулсометри, геофизика
Ниска честота LF 5 30–300 kHz
10 км – 1 км
радионавигација, часовни сигнали, емитување на AM долги бранови (Европа и делови од Азија), RFID, радиоаматерство
Средна честота MF 6 300–3000 kHz
1 км – 100 м
емитување на AM (средни бранови), радиоаматерство, предупредувања за лавини
Висока честота HF 7 3–30 MHz
100 м – 10 м
емитување на кратки бранови, граѓански радиоопсег, радиоаматерство и затхоризизонтни воздухопловни врски, RFID, Over-the-horizon radar, ALE / NVIS радиоврски, поморска радиотелефонија
Многу висока честота VHF 8 30–300 MHz
10 м – 1 м
FM, телевизиски емитувања и воздухопловни врски „на видик“, „земја-воздух“ и „воздух-воздух“. копнени и поморски мобилни врски, радиоаматерство, метеоролошки радиовски
Ултрависока честота UHF 9 300–3000 MHz
1 м – 100 мм
ТВ емитување, микробранови печки, микробранови уреди/врски, радиоастрономија, мобилна телефонија, WLAN, Bluetooth, ZigBee, GPS и копнени мобилни радиостаници, FRS и GMRS радиоврски, радиоаматерство
Супервисока честота SHF 10 3–30 GHz
100 мм– 10 мм
радиоастрономија, микробранови уреди/врски, WLAN, највеќето современи радари, комуникависки сателити, сателитска телевизија, директно сателитско емитување (DBS), радиоаматерство
Крајно висока честота EHF 11 30–300 GHz
10 мм– 1 мм
радиоастрономија, високочестотни микробранови релеа, микробраново далечинско испитување, радиоаматерство, наочено енергетско оружје, микробранов детектор
Терахерцна или стравотно висока честота THz или THF 12 300–3000 GHz
1 мм– 100 μм
Teрахерцна томографија – потенцијална замена за ретнгенските зраци во некои области од мединицата, ултрабрза молекуларна динамика, физика на кондензираната материја, терахерцна временскоподрачна спектроскопија, терахерцна информатика/врски, подмилиметарско далечинско испитување, радиоаматерство

Радиопојасите на МТУ се предназнаки утврдени во Прописите за радиоемитување на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) со Член 2, одредба бр. 2.1, каде се распределени девет појаси, означени со цели броеви по нагорен редослед, во согласност со наведената табела[2]".

Табела на радиопојаси на МТУ
Бр. на појас Симболи Чест. опсег Бранови должини
4 VLF 3 – 30 kHz 10 - 100 км
5 LF 30 – 300 kHz 1 - 10 км
6 MF 300 – 3000 kHz 100 - 1000 м
7 HF 3 - 30 MHz 10 - 100 м
8 VHF 30 - 300 MHz 1 - 10 м
9 UHF 300 - 3000 MHz 10 - 100 см
10 SHF 3 – 30 GHz 1 - 10 см
11 EHF 30 – 300 GHz 1 - 10 мм
12 300 - 3000  GHz 0,1 - 1 мм

† Оваа колона не фигурира во табелата на Одредбата бр. 2.1 на Прописите за радиоемитување

Предназнаки на ЕУ, НАТО и САД ЕПМ

уреди
Појас Чест. опсег
A-појас 0 - 0,25 GHz
B-појас 0,25 - 0,5 GHz
C-појас 0,5 - 1,0 GHz
D-појас 1 - 2 GHz
E-појас 2 - 3 GHz
F-појас 3 - 4 GHz
G-појас 4 - 6 GHz
H-појас 6 - 8 GHz
I-појас 8 - 10 GHz
J-појас 10 - 20 GHz
K-појас 20 - 40 GHz
L-појас 40 - 60 GHz
M-појас 60 - 100 GHz
Табела на појаси на IEEE[3]
Појас Чест. опсег
HF-појас 3 - 30 MHz
VHF-појас 30 - 300 MHz
UHF-појас 300 to 1000 MHz
L-појас 1 - 2 GHz
S-појас 2 - 4 GHz
C-појас 4 - 8 GHz
X-појас 8 - 12 GHz
Ku-појас 12 - 18 GHz
K-појас 18 - 27 GHz
Ka-појас 27 - 40 GHz
V-појас 40 - 75 GHz
W-појас 75 - 110 GHz
мм-појас 110 - 300 GHz

Брановодни појаси

уреди
Појас Чест. опсег [4]
R-појас 1,70 - 2,60 GHz
D-појас 2,20 - 3,30 GHz
S-појас 2,60 - 3,95 GHz
E-појас 3,30 - 4,90 GHz
G-појас 3,95 - 5,85 GHz
F-појас 4,90 - 7,05 GHz
C-појас 5,85 - 8,20 GHz
H-појас 7,05 - 10,10 GHz
X-појас 8,2 - 12,4 GHz
Ku-појас 12,4 - 18,0 GHz
K-појас 15,0 - 26,5 GHz
Ka-појас 26,5 - 40,0 GHz
Q-појас 33 – 50 GHz
U-појас 40 – 60 GHz
V-појас 50 – 75 GHz
W-појас 75 – 110 GHz
Y-појас 325 – 500 GHz

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. За нас - Агенција за електронски комуникации на РМ Архивирано на 29 јануари 2012 г. (македонски)
  2. Прописи за радиоемитување на МТУ, Том 1, Член 2; издание 2008
  3. Согласно IEEE Std 521-2002 „Стандардни буквени предназнаки за радарски честотни опсези“. Потврдени во 1984, а воспоставени за време на Втората светска војна.
  4. www.microwaves101.com „Честотни и внатрешни димензии на брановоди“ Архивирано на 8 февруари 2008 г. (англиски)

Надворешни врски

уреди