Чесен крадец
„Чесниот крадец“ (руски: Честный вор) — расказ на Фјодор Михајлович Достоевски прв пат објавен во 1848 година.
Илустрација на расказот од Илја Федорович Тјуменев, 1881 | |
Автор | Фјодор Достоевски |
---|---|
Изворен наслов | Честный вор |
Земја | Руско Царство |
Јазик | руски |
Жанр | расказ |
Опис
уредиНа еден самец слугинката му носи нов станар - мирен, скромен човек кој се вика Астафиј Иванович. Еден ден, непознат човек влегува во станот и му ја краде бундата на сопственикот, а Астафиј поаѓа во потрага по крадецот, но не успева да го фати. По тој повод, Астафиј му раскажува на станодавецот за еден чесен крадец: Во минатото, Астафиј случајно го запознал алкохоличарот Емељан Илич за кого покажувал искрено сочувство и грижа така што Емељан самоволно се вселил во неговиот стан. Со намера да се ослободи од него, Астафиј се преселил во друг стан, но по некое време Емељан го пронашол и пак се вселил во неговиот нов стан. Така, Астафиј бил принуден да се грижи за Емељан, кој бил невработен. Меѓутоа, нивните односи се влошиле кога, користејќи го отсуството на Астафиј, Емељан украл пар панталони. Астафиј ја забележал кражбата и го обвинил Емељан, кој не го признал стореното дело, туку многу се навредил и си заминал од станот. По неколку дена, Емељан пак се вратил кај Астафиј во бедна состојба - гладен и многу болен. Додека лежел во постелата, најпосле, тој признал дека ги украл панталоните, а веднаш потоа умрел.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Поштен лопов“ во: Ф. М. Достојевски, Новеле. Београд: Народна просвета, 1933, стр. 201-230.