Кригла
Кригла — стаклен сад за пијалак со цилиндрична форма задолжително со рачка. Криглите се изработуваат воглавно од дебело стакло , бидејќи првенствено се нам енети за пиво, а дебелото стакло подолго ја задржува содржината на криглата ладна.
Формата на криглата потсетува на тегла , бидејќи скоро потполно е цилиндрична, нема грло, па отворот на врвот на садот е приближно со еднакви димензии како и дното на садот. Рачката на криглата е задолжителна, бидејќи исти сад без рачка воглавно се нарекува чаша или тегла.
Во македонскиот јазик под зборот кригла се подразбира само стаклен сад. Садови од други материјали и со варијации во формата се нарекуваат шолја, стомна, бокал и слично.
Различни кригле
уреди-
Типична кригла со едноставна форма
-
Кригла со сталак
-
Тегла со рачка или кригла со навои
-
Кригла пиво
-
Кригла со врв за усмерување на течност