Чарлс Холт
Чарлс Ц. Холт (англиски: Charles C. Holt; 21 мај 1921 — 13 декември 2010) — американски статистичар, економист и универзитетски професор.
Животопис
уредиХолт дипломирал и магистрирал на Масачусетскиот институт за технологија (МИТ) во 1944 година. Подоцна, во 1950 година се здобил со уште една магистратура, овојпат на Универзитетот во Чикаго, каде докторирал во 1955 година. Холт работел како професор на Департманот по менаџмент во состав на Мекомсовата школа за бизнис (McComs School of Business) при Тексашкиот универзитет во Остин.[1]
Творештво
уредиВо трудот „Учење како да се планираат производството, залихите и работната сила“ (Learning how to plan production, inventories, and work force), објавен во списанието Operations Research во 2002 година, Холт објаснува како бил дел од групата млади економисти, заедно со Франко Модиљани, Џон Мјут и Херберт Сајмон, која во рамките на Универзитетот Карнеги Мелон, во 1950-тите, започнала да развива квантитативни и компјутеризирани методи за одлучување во бизнисот. Четворицата развиле методи за контрола на системи кои ги примениле на микроекономско ниво во пресметката на оптималниот обем на производството, залихите и работната сила. По некое време, тие успеале да најдат една фабрика за бои која прифатила да ги примени нивните методи и така дошло до првата примена на контролните методи во економијата. Понатаму, Холт се посветил на развојот на линеарните модели на одлучување во анализата на фискалната и на монетарната политика.[2]
Поважни дела на Холт се:
- Charles C. Holt (1957), Forecasting Trends and Seasonals by Exponentially Weighted Averages, Carnegie Institute of Technology, Pittsburgh Office of Naval Research memorandum no. 52.
- Charles C. Holt, Franco Modigliani, John F. Muth and Herbert A. Simon (1960), Planning Production, Inventories, and Work Force, Prentice-Hall, Inc., Englewood Cliffs, New Jersey.
- Charles C. Holt (1962), "Linear Decision Rules for Economic Stabilization and Growth", Quarterly Journal of Economics, 76, pp. 20–45. [1]
- Charles C. Holt (2002), "Learning How To Plan Production, Inventories, and Work Force", Operations Research, 50(1), pp. 96–99. [2]
- Charles C. Holt (2004), "Forecasting Trends and Seasonals by Exponentially Weighted Averages", International Journal of Forecasting, 20(1), pp. 5–10. [3]
Наводи
уреди- ↑ Ристески Славе, Тевдовски Драган и Марија Трпкова (2012). Вовед во анализата на временските серии. „Универзитет Св. Кирил и Методиј“, Скопје, стр. 200.
- ↑ Ристески Славе, Тевдовски Драган и Марија Трпкова (2012). Вовед во анализата на временските серии. „Универзитет Св. Кирил и Методиј“, Скопје, стр. 200.