Чакавско наречје

еден од трите главни дијалекти на хрватскиот јазик
(Пренасочено од Чакавски говор)

Чакавското наречје е едно од трите главни наречја на хрватскиот јазик, покрај кајкавското и штокавското наречје. Чакавското наречје било основа за стилизирање на првиот хрватски стандарден јазик кој бил во јавна употреба, кој се засновал на винодолскиот крај.[1] Името на ова наречје потекнува од прашачниот збор „што“ или на хрватски ča.

Распространетост на чакавскиот говор.

Распространетост

уреди

Денешната територија која ја зазема чакавското наречје е во голема мера помала одошто било пред миграцијата на отоманските освојувачи на територија на Хрватска. Се смета дека пред почетокот на Првата светска војна, околу 23% од Хрватите зборувале на чакаваски, а денес тој процент изнесува околу 12%. Денес, овој дијалект се зборува покрај хрватското приморје.

Наводи

уреди
  1. Hrvatska gramatika, Školska knjiga, Zagreb, 1997., ISBN 953-0-40010-1, str. 15

Користена литература

уреди
  • M. Hraste, P. Šimunović, R. Olesch: Čakavisch-deutsches Lexikon, Band I-III, Köln-Wien, 1979 - 1983.
  • M. Kranjčević: Ričnik gacke čakavščine. Čakavski sabor, Otočac 2003.
  • B. Matoković-Dobrila: Ričnik velovaroškega Splita, Denona, Zagreb 2004.
  • P. Šimunović: Rječnik bračkih čakavskih govora, Brevijar, Supetar 2006.
  • M. Yoshamya: Rječnici istočnog Kvarnera (Baška, Rab, Vinodol) - rječnik, gramatika i kultura, knj. 1, Zagreb 2005, knj. 2 u tisku 2007.

Поврзано

уреди