Чад (француски: Lac Tchad; арапски: بحيرة تشــــاد الكبرى) е големо, плитко езеро во централниот дел на Африка. Езерото е неистечно, иако некогаш дел од водите истекува во блиските депресии. Во него се влева реката Шари (обезбедувајќи му 90% од потребната вода), како и некои други помали реки. Името на локалниот јазик означува голема експанзија на вода, односно упростено „езеро“[3].

Чад
Lac Tchad  (француски)
بحيرة تشــــاد الكبرى  (арапски)
Езерото во 1930 година.
ПодрачјеЦентрална Африка
Координати13°0′N 14°0′E / 13.000° СГШ; 14.000° ИГД / 13.000; 14.000
Виднеистечно езеро
Главни приливиШари
Главни истециСоро и Боделе
Сливни земјиКамерун
Нигер
Нигерија
Чад
Површина&100000000000013500000001.350 км2 [1]
Прос. длабочина1.5 м [2]
Најг. длабочина11 м
Зафатнина10.8 км3
Брег650 км
ОстровиАрхипелаг Богомером
Населени местаБол, Чад
Абадам, Нигерија
Бага, Нигерија
Н'гуигми, Нигер
Босо, Нигер
Макари, Камерун
Наводи[1]
1 Бреговата должина не е добро определена мерка.

Од економска гледна точка езерото е исклучително важно за државите на чија територија се наоѓа, а најмногу на Чад и Нигер, кои имаат многу сува клима и страдаат од недостиг на пивка вода. Езерото обезбедува пивка вода за повеќе од 30 милиони луѓе. Дополително, бреговите на езерото се калливи и влажни, што е погодно за одгледување на различни земјоделски култури.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Lake Chad: Experiences and Lessons Learned in Brief“ (PDF). www.worldlakes.org. 2006. Посетено на 2008-02-15.
  2. WaterNews 2008.
  3. Room, Adrian "African Placenames" (1994) McFarland and Company, ISBN 0-89950-943-6

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Сателитска слика на езерото во 2001 со актуелната вода во сино и вгетацијата во зелено. Прикажани се и промените од 1973 до 1997.