Чадорест бор
Период: пред 230 м.г. - денес
Чадорест бор
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Четинари (род)
Ред: Боровидни
Семејство: Чадорести борови
Luerss.
Род: Sciadopitys
Siebold & Zucc.
Вид: S. verticillata
Научен назив
Sciadopitys verticillata
(Thunb.) Siebold & Zucc.

Чадорест бор(науч. Sciadopitys verticillata) или којамаки (јап. コウヤマキ) — карактеристичен четинар кој е ендемски во Јапонија. Ова е единствен член на фамилијата Чадорести борови (Sciadopityaceae) и родот Sciadopitys и претставува жив фосил кој нема блискосродни дрва и растенија. Познат е од фосилните наоди од пред 230 милиони години.

Листовите на чадорестиот бор

Името на родот доаѓа од старогрчкката претставка скијадо- = „сенка“ и питис = „бор“; видовиот епитет значи „овенчен“.

Ова зимзелено дрво расте до висина од 15-27 м. Главните гранки се кафеави, а на нив има венчиња од долгнавести игли (кладоди) со големина од 7–12 см. Иако изгледаат и играат улога на листови, кладодите се всушност составени од стеблено ткиво. Понекогаш кладодата се двои на два дела, и во чаталот расте пупка. Шишарките се 6–11 см во должина, созреваат за 18 месеци и имаат сплеснати лушпи што се отвораат и испуштаат семиња.

И покрај бавниот раст и високата цена, чадорестиот бор е мошне популарно украсно дрво во градинарството поради неговиот пријатен изглед.

Занимливости

уреди

Во Европа дрвото прв го донел шкотскиот ботаничар Џон Гулд Вејч во 1860.[1]

Наодите од анализите со инфрацрвена спектроскопија укажуваат на тоа дека балтичкиот килибар доаѓа од чадорестите борови, а не од дрва од фамилиите Араукариите и Боровите, како што се сметало порано.[2]

Наводи

уреди
  1. James Herbert Veitch (2006). Hortus Veitchii. Caradoc Doy. стр. 51–52. ISBN 0-9553515-0-2.
  2. Wolfe AP, Tappert R, Muehlenbachs K, Boudreau M, McKellar RC, Basinger JF, Garrett A. (2009). A new proposal concerning the botanical origin of Baltic amber. Proc Biol Sci. 276(1672):3403-12. doi:10.1098/rspb.2009.0806 PMID 19570786

Надворешни врски

уреди