Цуцулеста патка
мажјак/женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Потсемејство: Aythyinae
Род: Aythya
Вид: Цуцулеста патка
Научен назив
Aythya fuligula
(Карл Лине, 1758)
Младенчиња
Aythya fuligula

Цуцулестата патка (Aythya fuligula) е вид птица од семејството патки од редот гусковидни. Ја има во Македонија.

Опис

уреди

Кај овие патки е изразен половиот диморфизам. Возрасниот мажјак е цел црн, освен што ги има белите слабини и сино-сив клун. Возрасната женка е кафена со посветли слабини, и лесно се помешува со други гусковидни патки. Цуцулестата патка тежи меѓу 500 и 1400 грама, должината на телото ѝ е 40-47 см, а распонот на крилјата околу 72 см. Повеќето од времето се тивки. Добро пливааат и нуркаат, а под вода можат да се задржат од 30 до 40 секунди. Тешко и гласно полетуваат, а летаат насочено.

Распространетост

уреди

Овие видови на патки, се распространети широко низ умерените појаси и северниот дел на Евроазија. Типични птици преселни се, и зимуваат во јужна Европа и северна Африка. Тие понекогаш може да се најдат како зимни посетители на двата брега на САД и Канада.

Живеалиште

уреди

Овие патки живеат близу езера, мочуришта, бавни реки, густо обраснати со водни растенија. Често се среќава во делтите на големите реки.

Исхрана

уреди

Се хранат претежно со животинска храна: ситни рипчиња, мали мекотели, ларви од инсекти, ракчиња и сл. Храната ја бара обично на длабочина од 3 до 4 метри, но може да нурне и до 14 метри.

Размножување

уреди

Цуцулестата патка е моногамна птица. Паровите се оформуваат уште во текот на зимата. Гнездата ги поставуваат веднаш до водата, често на мали островчиња или на купчиња од стара трска. Несат 3-20 зеленикави јајца со размер 59 х 41 мм и тежина околу 56 грама. Ги лежи само женката 23–28 дена. Испилените младенчиња се доволно развиени да можат сами да се движат и да се хранат.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Aythya fuligula. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски

уреди