Цукујоми
Цукујоми-но-микото (月読命 or 月読尊 ), или едноставно Цукујоми (月読), е бог на месечината во јапонската митологија и Шинто религијата. Името „Цукујоми“ е соединение на старите јапонски зборови цуку (月, „месечина, месец“, станувајќи модерно јапонско цуки) и јоми (み, чита, брои).[1] Нихон Шоки го споменува ова име напишано како Цукујуми (月弓, „Месечински лак“), но овој јуми е веројатно варијација во изговорот на јоми. Алтернативно толкување е дека неговото име е комбинација на цукијо (月夜, „осветлена ноќ од месечина“) и ми (見, „гледа, надгледува“).
Цукујоми-но-Микото | |
---|---|
Цукујоми | |
Божество на месечината | |
Други имиња | Цукујоми Отоко Цукујоми |
Родители | Изанаги |
Браќа/сестри | Изанаги |
Списи | Манјоошуу, Нихон Шоки |
Римски пандан | Луна |
Словенски пандан | Јутробог, Симаргл |
Подрачје | Јапонија |
Малку е познато за Цукујоми дури и полот е непознат. Меѓутоа, во Манјоошуу, каде што името на Цукујоми понекогаш се преведува како Цукујоми Отоко (月讀壮士, „човек што чита месечина“).[2]
Цукујоми бил второто од „трите благородни деца“ (三貴子, Михашира-но-узуномико) родено кога Изанаги-но-Микото, богот што ја создал првата земја на Оногорошима, се чистел од своите гревови додека се бањал откако избегал од подземниот свет и канџите на неговата разгневена мртва сопруга Изанами-но-Микото. Цукујоми се родил кога се измил од десното око на Изанаги.[3] Меѓутоа, во алтернативна приказна, Цукујоми е роден од огледало направено од бел бакар во десната рака на Изанаги.
Цукујоми ја налутил Аматерасу кога ја убил Укемочи, божицата на храната. Аматерасу еднаш го испратила Цукујоми да ја претставува на празникот претставен од Укемочи. Божицата ја создала храната така што се свртела кон океанот и исплукала риба, потоа се свртела кон шумата и исплукала дивеч, а на крај се свртела кон оризово поле и искашлала сад со ориз. Цукујоми бил крајно згрозен од фактот што, иако изгледало извонредно, оброкот бил направен на одвратен начин, и затоа тој ја убил.[4]
Наскоро, Аматерасу дознала што се случило и била толку лута што одбила да го гледа Цукујоми, засекогаш преселувајќи се на друг дел од небото. Ова е причината што денот и ноќта никогаш не се заедно. Сепак, некои велат дека Сусаноо бил тој што го убил Укемочи.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1988, 国語大辞典(新装版) (Kokugo Dai Jiten, Revised Edition) (in Japanese), Tōkyō: Shogakukan
- ↑ c. 759: Man'yōshū, volume 7, poem 1372; in Old Japanese. Text available online here.
- ↑ Roberts, Jeremy (2010). Japanese Mythology A To Z (PDF) (2. изд.). New York: Chelsea House Publishers. ISBN 978-1-60413-435-3.
- ↑ Roberts, Jeremy (2010). Japanese Mythology A To Z (PDF) (2. изд.). New York: Chelsea House Publishers. ISBN 978-1-60413-435-3.
- ↑ 『日本神話事典』211頁。
Надворешни врски
уреди- Цукујоми на Ризницата ?
- Tsukiyomi на Јапонската Историја База на податоци.