Црква „Св. Петка“ - Туденце

црква во селото Туденце

Света Петка — главна селска црква во селото Туденце, Македонија.[1]

Света Петка

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Сиричинско-раотинска
Местоположба

Карта

Координати 42°1′45″N 21°7′7″E / 42.02917° СГШ; 21.11861° ИГД / 42.02917; 21.11861
Место Туденце
Општина Јегуновце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка Трновска
Изградба 1904
Осветување 10 август 1969
Живопис 1914
Архитектонски опис

Црквата се наоѓа во самото село. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во повисокиот дел на селото Туденце, во непосредна близина на основното училиште.

Историја

уреди

Според податоците со кои се располага црквата е градена 1904 година, а живописана е во 1914 година. Црквата е изградена од населението во селото, кое според турските пописи броело 16 фамилии.

По стекнување на автокефалност на Македонската православна црква, од страна на парохискиот свештеник Ецо Јовановски и во соработка со архиерејскиот намесник свештеник Дамјан Поповски, а со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј на 10 август 1969 година, во сослужение на голем број свештеници од тетовската околија и пошироко е осветена црквата.

Во јануари 2013 година црквата бил цел на грабеж.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Ефтоски, Гојко (13 јануари 2013). „Ограбени и оштетени цркви во Тетовско“. Утрински Весник. Посетено на 2013-04-09.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди