Црква „Св. Михаил“ - Москополе

споменик на културата на Албанија


Црквата „Св. Михаил“ (албански: Kisha e Shën Mëhillit или Kisha Kryeengjëjt Mihail dhe Gavriil,[1] позната и како Црква на Архангелите Михаил и Гаврил)[2] — православна црква во Москополе, денешна Југоисточна Албанија.

Црква „Св. Михаил“ - Москополе
Локално име
албански: Kisha e Shën Mëhillit
МестоположбаМоскополе
Координати40°37′45″N 20°35′14″E / 40.62904° СГШ; 20.58724° ИГД / 40.62904; 20.58724
Изграден1722
Прогласено:1948

Историја

уреди

Црквата била подигната во 1722 година и е една од петте преостанати цркви од некогаш богатото влашко Москополе.[3]

За време на забраната на верата во Албанија, во 1948 година, таа е претворена во споменик на културата на државата.[4] Во 1996 година црквата била цел на вандализам од страна на муслимански фанатици при што 23 слики на светци биле тешко оштетени.[5]

Архитектура

уреди

Црквата е тип базилика со главен кораб и два странични кораби. Димензиите се 33 м x 15 м x 9 м. Постојат два главни столба. Две линии на столбови го делат средишниот кораб од двата странични кораби и сите три кораби имаат иста висина како наосот. Столбовите се поврзани еден со друг во двете насоки. Секој од трите кораби има купола, а секоја од трите куполи е различна. На источната страна апсидата е надвор од куполата и ја покриваат некои столбови. Припратата е на западната страна, а нејзината градба е слична на преостанатиот дел од наосот. Нартексот има камени столбови со сводови и куполи. Клоистарот е отсутен бидејќи е уништен, но се уште има траги од изворниот.[6]

Наводи

уреди
  1. „Orthodox Autocephalous Church of Albania“.
  2. „Orthodox Autocephalous Church of Albania“.
  3. Mikropoulos, Tassos A. (2008). Elevating and Safeguarding Culture Using Tools of the Information Society: Dusty traces of the Muslim culture. Earthlab. стр. 316. ISBN 978-960-233-187-3.
  4. „Religious buildings with the "Culture Monument" status“. Republic of Albania National Committee for Cult. Архивирано од изворникот на July 6, 2011. Посетено на October 28, 2010.
  5. Robert Elsie. Max Demeter Peyfuss: Die Druckerei von Moschopolis, 1731-1769. Buchdruck, p. 1
  6. „Map - IMK WebGIS“. imk.gov.al. IMK. Архивирано од изворникот на 2019-07-16. Посетено на October 13, 2016.