Црква „Св. Мина и Св. Недела“ - Сер
Свети Мина и Света Недела (грчки: Ιερό Παρεκκλήσιο Ἁγίων Μηνᾶ καί Κυριακῆς) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Мина и Света Недела | |
---|---|
Ἁγίων Μηνᾶ καί Κυριακῆς | |
Поглед на црквата од запад | |
41°5′38.4″N 23°33′5.9″E / 41.094000° СГШ; 23.551639° ИГД | |
Место | Сер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Изградба | 1837/1939 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Историја
уредиХрамот е сместен на улиците „Евталија Адам“ и „Акрополис“, во северниот дел на градот. Изграден е врз остатоците од средновековна црква, посветена на Света Недела. Подигнат е во 1837 г. според камената плоча на него. По 50 години е обновен. Изгорел за време на Втората балканска војна во јуни 1913 г. Неговата обнова започнала во 1939 г. благодарение на ктиторката Евгенија Валала, и храмот веќе бил посветен на Свети Мина. Осветен е во 1985 г. оД митрополитот Максим Серски. Во 2007 г. е повторно обновен и живописан од зографот Николаос Голас.[1]
Иконите „Свети Власиј“ (1850) и „Рождество Христово“ (1852) се дело на зографот Јаков Мелнички.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ιερό Παρεκκλήσιο Ἁγίων Μηνᾶ καί Κυριακῆς“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 декември 2017.
- ↑ Παρχαρίδου-Αναγνώστου, Μάγδα (2013). „Δύο εικόνες του ζωγράφου Ιακώβου Γιακουμή Νικολάου από το Μελένικο στο ναό των Εισοδίων της Θεοτόκου στη Χωριστή Δράμας“ (PDF). Σερραϊκά Σύμμεικτα. Σέρρες (2): 259. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-06-12.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Мина и Св. Недела“ - Сер на Ризницата ?