Црква „Св. Илија“ - Велушина
црква во Велушина, Битолско
Свети Илија — главна гробишна црква во битолското село Велушина, Македонија.[1]
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Бистричка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°55′38″N 21°21′6″E / 40.92722° СГШ; 21.35167° ИГД |
Место | Велушина |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пророк Илија |
Изградба | XVIII век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во самото село, сместена во јужниот дел на селото, на почетокот на патот за Велушкиот манастир („Св. Ѓорѓи“).
Архитектура
уредиПретставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на источната страна и калкански покрив. Од југ и запад има отворен трем потпрен на дрвени столбови. Храмот има засводен влез од југ.[2]
Фрескоживопис
уредиВо наосот нема траги од живопис. Во апсидата се зачувани фрески на Богородица со Малиот Христос, како и четворица архијереи во долното подрачје, които по стилските особености се датираат во XVIII век, со тоа и самата црква.[2]
Иконостас
уредиНа стариот обичен иконостас има икони од втората половина на XVIII и почетокот на XIX век.[2]
Галерија
уреди-
Гробишта во црковниот двор
-
Припратата на јужната страна
-
Влезот
-
Ниша над влезот
-
Припратата на западната страна
-
Апсидата
-
Поглед на црквата
-
Поглед на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 31. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-12-26.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Велушина на Ризницата ?