Црква „Св. Злата Мегленска“ - Загреб
Света Злата Мегленска — прва македонска црква во Загреб, Хрватска.
Света Злата Мегленска
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Европска |
Архијерејско намесништво | Јужноевропско |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 45°47′38.2″N 15°57′17.5″E / 45.793944° СГШ; 15.954861° ИГД |
Место | Загреб |
Држава | Хрватска |
Општи податоци | |
Покровител | Света Злата Мегленска |
Изградба | 2014 |
Осветување | 21 мај 2023 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во Загреб, во непосредна близина на Загребачката авенија.
Историја
уредиКамен-темелникот за црквата бил поставен на 26 октомври 2014 година како прва македонска црква во Хрватска.[1] Истата била осветена на 21 мај 2023 година од страна на архиепископот г.г. Стефан во сослужение со српскиот патријарх Порфириј.[2] На осветувањето присуствувал и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој го добил и највисокото одликување на Македонската православна црква, Орденот на Свети Климент Охридски, како знак за благодарност и искрено пријателство.[3]
Архитектура
уредиЦрквата е дело на архитектите Зоран Бошевски, Борис Флолиќ, Жељко Голубиќ, кои се дел од Студио БФ, а била проектирана во периодот 2008-2009 година.[4]
Бидејќи црквата е сместена до авенија со силен сообраќај, истата нема отворен пристап, туку преку перфориран ѕид се создава предворје, кое служи како заштитен двор.[5]
Изгледот на црквата е во облик на квадратен волумен со цилиндричен свод кој се протега низ целата должина, а се дистанцира странично од ѕидовите и завршува во карпест иконостас.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Главниот влез
-
Знамиња пред црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ставени темелите на македонската црква во Загреб“, Дневник, година XVIII, број 5601, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 4.
- ↑ „Oсветување на новоизградената црква на МПЦ-ОА св. Злата Мегленска во Загреб,Р.Хрватска“. Премин Портал. Посетено на 25 мај 2023.
- ↑ 360степени (2023-05-21). „Осветена првата македонска православна црква во Хрватска, „Св. Злата Мегленска"“. 360 степени. Посетено на 2024-11-16.
- ↑ „Осветена првата македонска црква во регионот – „Св. Злата Мегленска" во Загреб“. Посетено на 2024-11-16.
- ↑ „Македонска православна црква во Загреб (Св. Злата Мегленска) – МАРХ“. Посетено на 2024-11-16.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Злата Мегленска“ - Загреб на Ризницата ?