Црква „Св. Димитриј“ (Новочеркаск)
Црквата Св. Димитриј во Новочеркаск (руски: Свя́то-Дими́триевский храм) е црква во Новочеркаск посветена на Димитриј Солунски. Се наоѓа на градските гробишта, па затоа понекогаш се нарекува и Гробната црква Свети Димитриј.[1]
Црквата Св. Димитриј | |
---|---|
Црквата Св. Димитриј | |
Основни податоци | |
Место | Новочеркаск, Русија |
Припадност | руски православни |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Валпреде И.О. |
Завршен | 1859 |
Историја
уредиВо есента 1810 година, на теренот на градските гробишта била осветена дрвената црква Свети Димитрија.
Оваа дрвена црква постоела до 1861 г. Изградбата беше финансирана од Донски Козаци и разни трговци, а беше завршена во 1859 година.
Проектот го изработил познатиот архитект Иван Валпреде.
Во 1901 година во црквата било отворено парохиско училиште, кое функционира и денес.
Некогаш имала и капела посветена на споменот на Козаците кои загинаа во Првата светска војна.
На гробиштата бил погребан првиот избран Атаман од Донските Козаци од времето на Петар I, Алексеј Каледин (неговиот гроб не е зачуван); Дон историчар В. Сухоруков; синот на атаманот М.Г. Чомутов и многу други. Меѓу преостанатите гробови, се оние на генералот Хрешатицки, генералот Љутенсков и други.
По воспоставувањето на советскиот режим во Новочеркаск во 1920 година, црквата не била затворена и продолжила да работи.
Во 1999 година црквата била осветена и биле поставени шест нови ѕвона, а структурата била целосно обновена[2]