Црква „Св. Јован Владимир“ - Елбасан

споменик на културата на Албанија

Свети Јован Владимир (албански: Kisha e Shën Gjon Vladimirit) — црква во Брадашеш, округот Елбасан, Албанија. Посветена е на дукљанскиот кнез и светител Јован Владимир, зетот на македонскиот цар Самуил. Станал културен споменик на Албанија во 1948 година.[1] Првиот храм е најстарата голема православна базилика од времето на цар Самуил, повторно била изградена како сегашна црква од семејството Топија во 1381 година.[2] Во текот на 18 век Костандин Шпатараку ги насликал ѕидовите на црквата.[3]

Црква „Св. Јован Владимир“
Локално име
албански: Kisha e Shën Gjon Vladimirit
МестоположбаБрадашеш
Координати41°07′06″N 20°01′21″E / 41.118333° СГШ; 20.0225° ИГД / 41.118333; 20.0225
Камената плоча со грбот на Карл Топија пронајдена во црквата Свети Јован Владимир. (1381)

Околу црквата бил изграден православен манастир и станал седиште на новооснованата архиепископија Дирахиум во 18 век. Григориј од Драч, архиепископот на Дирахиум од 1768 до 1772 година, го напишал Елбасанскиот евангелски ракопис, најстарото дело на албанската православна литература; ракописот е забележлив и по тоа што е единствениот документ напишан со албанското писмо Елбасан.[4] Подоцна, кон крајот на 18 и почетокот на 19 век, манастирот станал важен центар за пишување на албанскиот јазик со друго оригинално писмо познато како тодриска азбука.

Наводи

уреди
  1. „Religious buildings with the "Culture Monument" status“. Republic of Albania National Committee for Cult. Архивирано од изворникот на July 6, 2011. Посетено на October 28, 2010.
  2. Anamali, Skënder (2002), Historia e popullit shqiptar në katër vëllime (албански), I, Botimet Toena, стр. 294, OCLC 52411919
  3. Zeqo, Moikom (22 May 2006). „Gjeniu më shqiptar i ikonografisë Kostandin Shpataraku“. Koha Jone (албански). Nikolle Leska. стр. 10–11.
  4. Elsie, Robert (1995), „The Elbasan Gospel Manuscript ("Anonimi i Elbasanit"), 1761, and the Struggle for an Original Albanian Alphabet“ (PDF), Südost-Forschungen, Regensburg, Germany: Südost-Institut, 54, ISSN 0081-9077