Црква „Св. Ѓорѓија“ - Дебреше

црква во селото Дебреше

Свети Ѓорѓија — главна црква во селото Дебреше, близу Гостивар. Сместена е веднаш над последните куќи над самото село, во дабова шума на подножјето од падината на Шар Планина. На истото место црковен храм посветен на св. Ѓорѓи Победоносец бил изграден уште во 1624 година, а според народните преданија тој постоел уште пред доаѓањето на Османлиите, кои ја срушиле црквата. Во денешниот изглед и големина, црквата била возобновена во 1924 година, а зафати за реновирање биле извршени и во 1994 година. Во кругот на пространиот црковен двор се наоѓа и трпезарија во која се раздава ручек на собирите на поголемите верски празници, базен во кој се одржува водокрст и фрлање на крстот за Водици како и селските христијански гробишта. Секоја година по повод верските празници Водици со кумство кое преминува на некое од семејствата во селото или иселени во Гостивар, Василица, Велигден, Ѓурѓовден и Св. Ѓорѓија (зимен) се одржуваат големи црковнонародни собири на кои се раздава ручек и се организираат веселби. Внатрешноста на црквата е живописана со фрески кои се подарок од семејства кои живеат или водат потекло од селото, а на иконостасот се наоѓаат и неколку постари икони од XIX век, кои се истакнуваат по техниката и одликите на сликањето.

Св. Ѓорѓија

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Парохија Гостиварска
Местоположба

Карта

Место Дебреше
Општина Гостивар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓија
Изградба 1624, возобновена 1924
Архитектонски опис

Галерија уреди

Наводи уреди