Црква „Пресвета Богородица Елеуса“ - Несебар

црква во градот Несебар, Бугарија

Пресвета Богордица Елеуса (Милостива)доцноантичка црква во градот Несебар, Бугарија. Влегува во состав на Сливенската епархија на Бугарската православна црква.

Пресвета Богородица Елеуса
Поглед на црквата
Карта
42°39′40″N 27°44′17″E / 42.66111° СГШ; 27.73806° ИГД / 42.66111; 27.73806
МестоНесебар
ЗемјаБугарија
ВероисповедБугарска православна црква
Архитектура
Статусспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаV век
Управа
Архијерејско намесништвоБургас
ЕпархијаСливенска

Опис

уреди
 
Апсидите на базиликата

Црквата е изградена во првата половина на V век.[1] Градбата претставува трикорабна базилика со три апсиди, три наоси и припрата. Двата странични кораби имаат по две помали апсиди. Во предворието на црквата се зачувани гробници. Базиликата има димензии од 28 x 18 метри. Во 1920 г. биле извршени археолошки ископувања под раководство на Иван Велков.[1] Денес црквата се наоѓа во руинирана состојба и е делумно обновена.

Во историските извори црквата се споменува последен пат во XIV век, кога била дел од манастир.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Димитров, Димитър (2013). Християнските храмове по българските земи I-IX век. София: Фондация „Покров Богородичен“. стр. 161–162. ISBN 978-954-2972-17-4.

Надворешни врски

уреди