Црква „Воскресение Христово“ - Белештевица

Воскресение Христовомакедонски православен храм во селото Белештевица близу Велес. Сместена е десно од патот на неколку стотини метри пред влезот на селото. Храмот е изграден во 1927 година, а моментално се наоѓа во полуразуршена состоба, при што јужниот ѕид е речиси целосно срушен, а на источниот ѕид зад олтарот има големи дупки. Според едно предание се вели дека во самото село Белештевица имало некоја стара црква на чии темели во 1927 година е подигната сегашната црква[1]. Кај луѓето кои имаат свои куќи во селото Белештевица постои идеја за нејзина обнова. Внатре во црквата има повеќе икони, а малкуте постојани и некогашните иселени жители на Белештевица црквата ја посетуваат за Велгиден, кој порано помасовно се прославувал со кумство во некоја од селските куќи. Пред црквата има постари гробишта.

Воскресение Христово

Црквата Воскресение Христово

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Местоположба
Место Белештевица
Општина Велес
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Изградба 1927
Архитектонски опис

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Филиповиќ, Миленко (1935). Северна велешка села (српски). 33. Белград: Етнографски музеј.