Црква Свети Никола (Софија)

Црквата Свети Никола е христијански храм кој се наоѓа во Софија, Бугарија.

Црква Свети Никола
Основни податоци
МестоСофија, Бугарија
Координати42°41′48.4″N 23°19′17.6″E / 42.696778° СГШ; 23.321556° ИГД / 42.696778; 23.321556
ПрипадностБугарска православна црква
Духовно-организациски статусактивна
ВодствоСофиска епархија
Архитектонски опис
Архитектонски типцрква
Завршен13 век

Митрополитскиот храм Свети Никола Чудотворец спаѓа меѓу најстарите храмови во Софија. Првите темели на црквата датираат уште од времето на римскиот цар Константин Велики во 4 век, а се претпоставува дека резиденцијата на Калојан била изградена на местото каде некогаш се наоѓал објектот во кој престојувал Константин кога бил во Средец. Денес се сочувани и се гледаат автентичните ѕидови во подземниот дел на храмот[1].

Низ вековите на ропството овој храм се викал Никола Големиот. На 30 март 1944 година за време на бомбардирањето над Софија црквата била целосно уништена.

Наводи

уреди
  1. http://www.online.bg/kultura/my_html/2333/antichen.htm Архивирано на 26 септември 2009 г. - За останките на доцноантичката резиденција на Константин Велики и претпоставката дека таа служила како резиденција и на севастократор Калојан, Ст.н.с. д-р арх. Добрина Желева-Мартинс и н.с. д-р арх. Валентина Врбанова, (бугарски)