Црква Свети Атанасиј, Бобошево

Црквата Свети Атанасиј е црква од средниот век се наоѓа во градот Бобошево, Ќустендилска област.

Црквата Свети Атанасиј во Бобошево.

Место, историја, архитектонски и уметнички вредности уреди

 
Икона на Свети Атанасиј во патроната ниша во западната фасада на црквата.

Црквата се поставена на голема платформа на гробиштата во гратчето Бобошево. Тоа е мала еднокорабна црква со полукружна апсида. Црквата е долга 8 метри и широка 5 метри. Има две ниши на левиот и десниот ѕид и уште една мала полукружна ниша на северната ниша. Црквата порано имала свод кој при реконструкцијата бил заменет со стреа. Во XVIII век бил дограден покриен нартекс, а во 1926-1927 година бил изграден нов нартекс со трпезарија. Ѕидовите на црквата се дебели 0,70 м и се изградени од камен. Црквата била целосно живописана одвнатре, а западната фасада била сликана и однадвор според канонот. Според тешко читливите ктиторски натписи на јужниот ѕид, црквата била изградена во 1590 или 1600 година. До 29 октомври 1862 година била главната црква во градот. По изградбата на поголемата црква Света Богородица, Свети Атанасиј е претворена во црква кај гробишта.

Црквата е архитектонски споменик на културата од локално значење (ДВ е.77/1972) и архитектонско-уметнички споменик од национално значење (ДВ е.38/1972).

Црквата го добила името по Атанасиј Александриски познат и како Свети Атанасиј I Велики Александриски патријарх. Црквата го слави и празнува светителот на 18 јануари и 2 мај.

Литература уреди

  • Кепов, Иван - Миналото и сегашно на Бобошево. С., 1935, с. 191;
  • Василиев, Асен - Проучвания на изобразителните изкуства из някои селища по долината на Струма. - Известия на Института за изобразителни изкуства, VII, 1964 г., с.157 и сл.;
  • Марди, В. - Бабикова - Научно мотивирано предложение за обявяване на църквата "Св.Атанас" в с.Бобошево, Кюстендилско за паметник на културата. С., 1969, 23 с.;
  • Дремсизова-Нелчинова, Цв., Л. Слокоска. Археологически паметници от Кюстендилски окръг. С., 1978, с. 13;
  • Енциклопедичен речник Кюстендил А-Я. С., 1988, с. 587.
  • Матуски, В. Иконографската програма на храма „Св. Атанасий Александрйски" в гр. Бобошево и някои особености в иконографията му. - В: Любен Прашков - реставратор и изкуствовед. Материали от научна конференция посветена на 70 год. на проф. Л. Прашков, 14-15 дек. 2001, ВТУ. С. 2006, с. 291-300;
  • Матуски, В. За три храма по долината на река Струма. - В: Проф. д.и.н. Станчо Ваклинов и средновековната българска култура, Велико Търново, 2005, с. 452-458;
  • Матуски, В. Стенописни надписи от бобошевския храм „Св. Атанасий Александрийски" в контекста на неговата иконография. — В: Културните текстове на миналото, носители, символи и идеи. Т. IV. С., 2005, с. 60-63;
  • Ангелов, Светозар - Църквата "Св.Атанасий" в Бобошево - проучвания и проблеми. - Известия на Историческия музей - Кюстендил, XIV, 2007, с. 123-140;
  • Ангелов, Светозар - Църквата "Св.Атанасий" в Бобошево, В : Църкви и манастири от Югозападна България през XV- XVII в., София, ЦСВП "Проф.Иван Дуйчев" към СУ"Св.Климент Охридски", 2007 г., с.38-40;
  • Заедно по свещените места на планината Осогово. Пътеводител. С., 2008, с. 108.

Галерија уреди

Надворешни врски уреди