Црвен шаренец
Црвен шаренец | |
---|---|
Примерок сликан во Македонија | |
Примерок сликан во Македонија | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Шаренци |
Род: | Melitaea |
Вид: | M. didyma |
Научен назив | |
Melitaea didyma (Esper, 1778)[1] |
Црвениот шаренец (Melitaea didyma) е пеперутка од семејството на шаренците.
Опис
уредиПеперугата лета од март до октомври, во зависност од локацијата. Распонот на крилјата е од 35 до 50 мм. Оваа пеперутка има разлика помеѓу машки и женски пол. Горната страна на крилјата кај мажјакот е портокалова исшарана со црни дамки и линии во неправилна форма. Самите краеви на крилјата се бели. Антените се портокалови, а телото пороткалово и црно. Кај женките, долниот дел на горната страна е слична со таа кај мажјакот, но предната е кафена и со сосема различен дизајн на црни шари. Долната страна кај двата пола е слична, составена е од бела позадина со портокалова голема дамка и исшарани со црни неправилни дамки. Разликата кај половите е во големината на дамките и лентите.[2] Ларвите се хранат со растенијата Linaria, Plantago lanceolata, Veronica, Centaurea jacea и Digitalis purpurea.[3]
-
Мажјак, горна страна
-
Мажјак, долна страна
-
Женка, горна страна
-
Женка, долна страна
Распространетост
уредиПеперугата живее во Јужна Европа, Средна Европа, Северна Африка, Близок Исток, Средна Азија и Сибир. Ја има и во Македонија.[3] Пеперугата претпочита тревни и цветни површини, ливади и долини.
Подвидови
уредиОвој вид на пеперуги е составен од следните подвидови:[3]
- Melitaea didyma didyma
- Melitaea didyma elavar Fruhstorfer, 1917
- Melitaea didyma kirgisica Bryk, 1940
- Melitaea didyma neera Fischer de Waldheim, 1840
- Melitaea didyma occidentalis Staudinger, 1861
- Melitaea didyma turkestanica Sheljuzhko, 1929
- Melitaea didyma ambra Higgings, 1941
-
Melitaea didyma occidentalis ♂
-
Melitaea didyma occidentalis ♂ △
-
Melitaea didyma occidentalis ♀
-
Melitaea didyma occidentalis ♀ △
Галерија
уреди-
Парење
-
Ларва/ гасеница
-
Кукла
Наводи
уреди- ↑ Biolib
- ↑ Seitz. A. in Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 "Melitaea Fabricius, 1807" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
Литература
уреди- Guide des papillons d'Europe et d'Afrique du Nord, Delachaux et Niestlé, Tom Tolman, Richard Lewington
- Russian insects
- Catalogue of life[мртва врска]
Надворешни врски
уреди„Црвен шаренец“ на Ризницата ? |