Црвен Поток
Црвен Поток — природен резерват во Националниот парк Тара, Србија. Се наоѓа во близина на Митровац на Тара. Во 1950 година бил прогласен за природен резерват од прва категорија и е под заштита на државата.
Природниот резерват Црвен Поток е од големо значење за науката затоа што во тресетните слојеви се сочувани фосилизирани поленови зрна кои чувааат податоци за историјата на растителниот свет, климатските промени, условите во живеалиштата на Тара и на цела Србија.
Се наоѓа на надморска височина од 1080 м, а по површина е нешто малку поголема од 23 хектари. Низ резерватот протекува поток кој преоѓа преку црвената глина и кога надоаѓа потокот добива црвена боја по која и го добил името.
Во резерватот, покрај смрека, елка има и евла и Панчиќева оморика.
Поради голема шумовитост и отсуство на сеча дошло до натрупување на органски материјал но и вода бидејќи долината во која се наоѓа месноста Црвен Поток е водонепропустлива. Последица на тоа е појава на тресетишта. Тој најинтересен дел од резерватот се нарекува Тепих Ливада.
Влезот во резерватот и патот до Тепих Ливада во 2010 година биле посебно уредени, па на многубројните излетници полесно им е да го пронајдат патот.
Галерија
уредиПоврзано
уредиЛитература
уреди- Лексикон националних паркова Србије - ТАРА. Београд: ЈП Службени гласник; ЈП Национални парк Тара;ГИ "Јован Цвијић"-САНУ. 2015. стр. 240. ISBN 978-86-519-1899-8.
|access-date=
бара|url=
(help)