Црвенокап мангабеј
Црвенокап мангабеј | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Примати |
Семејство: | Старосветски мајмуни |
Род: | Мангабеј |
Вид: | Црвенокап мангабеј |
Научен назив | |
Cercocebus torquatus (Кер, 1792) | |
Распространетост |
Црвенокап мангабеј или беловратен мангабеј (науч. Cercocebus torquatus) — вид примат од семејството на старосветските мајмуни (Cercopithecidae).[2] Примероци од ова животно можат да се погледаат во Зоолошката градина во Скопје.[3]
Опис
уредиТелото на овој мајмун е прекриено со сиво крзно, но има карактеристична црвена боја на главата во облик на капа и бел врат.[4].[4] Има црни уши и упадливи бели очни капаци, поради што се нарекува и „четириок мајмун“.[4] Опашката му е темносива и подолга од телото, и често ја држи со белиот врв над главата.[4] Има долги катници и многу големи секачи.[5] Во заробеништво, мажјаците тежат просечно 9-10 кг, а женките 7,5-8,6 кг.[5] Без опашката, мажјаците се долги 47–67 см, а женките 45–60 см.[4]
Живеалиште и распространетост
уредиЦрвенокапиот мангабеј се среќава во шуми сместени во крајбрежни појаси, мочуришта, мангрови и долини, од западна Нигерија, на исток и запад во Камерун, како и ширум Екваторска Гвинеја, Габон и по атлантскиот брег на габонско-конгоанската граница.[1][4]
Поведение
уредиОвие мајмуни живеат во големи групи од по 10 до 35 единки, вклучувајќи неколку мажјаци.[4][6] Општат со кресоци и лаење, што служи за одржување контакт со ќленовите нха групата и означување на нејзината местоположба во однос на други групи.[4] Се храснат со плодови и семиња, но јадат ио листови, зеленило, цветови, безрбетници, печурки, измет и смола.[5][6] Немаарт определена сезона на парење, а половата зрелост ја достигнуваат на возраст од 5 до 7 години. Во росек, бременоста трае 170 дена.[6]
Закани
уредиВо 2006 година, било проценето дека годишно околу 3.000 црвенокапи мангабеи се ловат во крајбрежните шуми Крос-Санага-Биоко за трговија со месо.[7]
Заштитен статус
уредиЦрвенокапиот мангабеј се води како ранлив вид во црвениот список на МСЗП поради губитокот на живеалиштето и ловењето за месо.[1] Наведен е и во Прилог II од CITES и во класата Б на Африканската спогодба за заштита на природата и природните ресурси.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Cercocebus torquatus“. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 4 January 2009.
- ↑ Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.) (уред.). Mammal Species of the World (III. изд.). Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 154. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
- ↑ „Мангаби“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-04. Посетено на 16 мај 2015.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Matthew Richardson (26 March 2009). „Red-capped mangabey (Cercocebus torquatus)“. ARKive. Архивирано од изворникот на 2015-09-22. Посетено на 6 January 2012.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 The Primata (17 June 2007). „White-collared Mangabey (Cercocebus torquatus)“. The Primata. Архивирано од изворникот на 2013-09-25. Посетено на 6 January 2012.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Nguyen, Khoa Huu (1999). „Cercocebus torquatus“. Animal Diversity Web. Посетено на 6 January 2012.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
Надворешни врски
уреди„Црвенокап мангабеј“ на Ризницата ? |
- Црвенокап мангабеј на Викивидовите ?
- „Црвенокап мангабеј“ — Енциклопедија на живиот свет