Црвенокапчест клукајдрвец

вид птица

Црвенокапчест клукајдрвец (научMelanerpes rubricapillus) — птица од семејството на клукајдрвците (Picidae) која живее на просторот од југозападна Костарика, па јужно во Колумбија, Венецуела, Гвајаните и Тобаго.

Црвенокапчест клукајдрвец
female M. r. rubricapillus, Columbia
Научна класификација [ у ]
Класа: Птици
Ред: Клукајдрвести
Семејство: Клукајдрвци
Род: Долгоклуни клукадрвци
Вид: Црвенокапчест клукајдрвец
Научен назив
Melanerpes rubricapillus
(Cabanis, 1862)

Птицата живее во шуми и кории. Се гнездиди во шуплини на дрва или големи кактуси. Женката несе по две јајца кои ги квачат двајцата родители и се испилуваат по 31–33 дена.

Возрасните единки се долги 20,5 см и тежат по 48 грама. На грбот и крилата имаат црно-бели риги, а задникот е бел. Опашката е црна со неколку бели пруги, а долната страна е бледокафеава.

Мажјакот има црвено „капче“ на темето и црвен тил. Кај женката истото „капчето“ е бледо кафеаво, а тилот е поблед. Младите единки имаат побледи бои, особено во црвените делови на главата и вратот.

Црвенокапчестиот клукајдрвец се храни со инсекти, но напати бере овошки и се храни со нектар.

Огласувањето кај двата пола е ѕвечкав звук крррррл.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Melanerpes rubricapillus. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 November 2013.

Литература

уреди
  • Hilty, Steven L. (2003). Birds of Venezuela. Princeton University Press. ISBN 0-7136-6418-5.
  • ffrench, Richard; O'Neill, John Patton; Eckelberry, Don R. (1991). A Guide to the Birds of Trinidad and Tobago (2. изд.). Ithaca, N.Y.: Comstock Publishing. ISBN 0-8014-9792-2.

Надворешни врски

уреди