Црвениот календар
„Црвениот календар“ (српски: Црвени календар) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.
Содржина
уредиВо среда, 25 октомври 1917 година, еден борец чека да започне нападот на Зимскиот дворец во Петроград. Тој го чита прогласот на Ленин, кој го зачудува, зашто во него се објавува дека дворецот е заземен, а членовите на Привремената влада се уапсени, иако тоа не е точно. Ноќта, борците го заземаат дворецот и ги апсат членовите на владата, но утредента, тој го чита владиниот весник во кој се соопштува дека владата работи вообичаено. Така, тој добива впечаток дека двата дена, среда и четврток, си ги промениле местата. Подоцна, додека борецот стои на барикадите, еден непријателски војник пука во него, а тој пак пука во непријателот. Додека се опоравува од раната, борецот го сфаќа изворот на таа збрка: болшевичкиот проглас поранил еден ден, а прогласот на владата задоцнил еден ден.[1]
Наводи
уреди- ↑ Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 38-40.