Хемотерапија
(Пренасочено од Цитотоксични антибиотици)
Хемотерапија е третман на болести, вклучувајќи рак, со хемикалии. Некои лекарства за рак ја попречуваат поделбата на клетките на ракот или ензимските процеси. Меѓутоа, тие имаат сериозни контраиндикации напаѓајќи некои здрави клетки и доведуваат до намалување на отпорноста на инфекции. Одредени стероиди се употребуваат за третман на ракот на дојка, простатата, леукемија и лимфоми. Дериватите на некои растенија, како што е зелениката (винкристин, винбластин) и тисовото дрво (таксол) се покажале како ефектни против Хоџкинсовата болест, леукемијата и ракот на дојката.[1]
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, Скопје, 2006, Книга 10, стр. 102